• Latest

Заев: Прва блокада од Бугарија на состанокот на КОРЕПЕР

November 6, 2020

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Прва блокада од Бугарија на состанокот на КОРЕПЕР

November 6, 2020 15:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На состанокот на амбасадорско ниво КОРЕПЕР, на кој се разгледува преговарачката рамка, денеска е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија и ја имаме првата блокада. Тоа не значи дека шансите се изгубени, следуваат уште два состанока на амбасадорско ниво, по што ќе следи министерскиот состанок (ГАК) на 17 ноември, изјави денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарски прашања за ставовите на Бугарија дека нема да даде зелено светло за преговарачката рамка, пренесува МИА.

-Членот 2 од Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија кажуваат многу прецизно како Бугарија ќе ја поддржи Северна Македонија во нејзините интеграции во Европската Унија. И дефинитивно денеска е прекршен тој член. Ние ништо не прекршивме од Договорот со Бугарија, напротив имплементираме и личности и спремни сме да ги објавиме записниците досега, и навистина ова е прво непријатно чувство што ни се случува, но верувам дека е порака да се забрзаат решенијата на кои се разговара меѓу двете работни групи предводени од министерствата за надворешни работи, истакна Заев.

Според премиерот тоа е непријателски сигнал и значи оти е блокирана првата фаза во усвојувањето на преговарачката рамка на Северна Македонија за пристапување во ЕУ.

Потсети дека се одвиваат интензивни комуникации меѓу двете земји, посебно меѓу двете Министерства за надворешни работи, изразувајќи уверување дека ќе се изнајде решение.

Повтори оти нема да се склучува нов договор или анекс, туку се работи за појаснување што може да се даде во форма на изјава, писмена или усна, како што рече, со конечна цел да се придвижат работите.

-Ние имаме договор во кој треба да ги искористиме сите оние паметни и перспективни моменти што постојат во него, а тоа е моделот дека имаме дел во нашата историја што ни е заедичка, а дел ни е посебна, да го искористиме моделот на заедничка историја и низ заедничката истрија да ги изнајдеме начините на она што сакаме да го утврдиме. Ако бидеме паметни, она што го потпишавме во 2017 верувам дека ќе биде одлична можност да се изнајде решение. Историските прашања треба комисиите да ги решаваат, и гледаме дека работат, оцени Заев.

Потсети дека следниот состанок на Заедничката комисија е закажан за 5 декември, а идната година следуваат уште пет состаноци.

-Убеден сум дека бугарскиот народ му мисли добро на македонскиот народ, и верувам дека бугарската Влада заедно со претседателот Радев на крајот на денот сакаат да помогнат во интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и тоа така ќе се движи. Остануваме посветени пријатели на целиот процес, заради тоа што само пријателството носи прогрес, перспективи и бенефити, за граѓаните и на Северна Македонија и на Бугарија и верувам дека во тој дух ќе продолжат и разговорите. Верувам дека и со помош на германското претседателствово декември ќе успееме да ја одржиме и првата меѓувладина конференција, истакна премиерот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ