По информациите во медиумите дека владејачката СДСМ веќе започнала да ги крои пратеничките листи за претстојните предвремени парламентарни избори, лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, вели дека се уште е рано за тој процес да биде започнат.
„Рано е за кандидатски листи и нивни носители. Тие се поднесуваат на 17-ти март. Имаме уште два месеци до тогаш. Ние почнуваме постапка на 30 јануари, ќе имаме Централен одбор, за роковник, правилник. Ќе ја почнеме целата постапка. Нашите постапки доаѓаат од базата. Ќе држиме кафе средба со коалиционите партнери и тие да си ја отпочнат својата постапка. За кон крајот на февруари да почнеме да правиме анализи, особено по прв пат на систем на чекинг систем на квалитет на кандидати, кој ќе биде сериозен демократски исчекор за државата. На 10 или 15 март ќе ги финализираме одлуките за кандидатските листи. Има доста време пред нас“, изјави Заев.
П. Клинчарски