• Latest

Заев: Растот на БДП под очекувањата, но може да се оствари планираната годишна стапка од 3,8 отсто

December 6, 2019
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Растот на БДП под очекувањата, но може да се оствари планираната годишна стапка од 3,8 отсто

December 6, 2019 13:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Растот на БДП во третиот квартал од 3,6 отсто, што го објави Државниот завод за статистика, за премиерот Зоран Заев е под неговите очекувања за раст од четири отсто, но смета дека до крајот на годината доколку во четвриот квартал има раст над четири отсто, може да се оствари планираниот раст од 3,8 отсто за годинава.

„Според мене, 3,6 отсто раст на БДП е малку под моите очекувања. Јас очекував дека ќе биде четири проценти во третиот квартал, но веројатно одредени перформанси не ги дале очекувањата. Се водев од растот на индустриското производство кое беше 9,8 отсто, па 5,6 отсто, па последниот 4,4 отсто, но секако и другите дејности  не ги дале очекуваните резултати. Но 3,6 отсто во третиот квартал, на завршено прво полугодие со 3,6 отсто, значи имаме просек од 3,6 отсто раст во три квартали. Проектирано е 3,8 отсто и ако постигнеме последниот, четвртиот квартал нешто над четири ќе го исполниме очекувањето од 3,8 отсто раст“, изјави премиерот во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата за проектот за поставување фотоволтаици на јавни објекти.

Потенцира дека, сепак, може да бидеме задоволни имајќи предвид дека европските земји имаат раст од 0,5 отсто, 0,7 отсто, еден…

„Верувам дека нашиот низок економски стандард, компатабилноста на ресурсите што ги имаме овде, природните ресурси, географската локација, инженерските капацитети, кои стојат на располагање треба да ги доискористиме до максимум за да имаме и уште повеќе инвестиции во државата, но секако и се поголем капитален развој во државата заради тоа што БДП на крајот има своја рефлексија во буџетот за да може државата да инвестира и во човечкиот фактор, да го помагаме и стопанството, да инвестираме во еколошки проекти“, рече премиерот.

Тој додаде дека севкупните инвестиции во државата се реализираат на планираното ниво и дека е важен придонесот на државата и во делот на капиталните инвестиции оти сето тоа е помош и поддршка, додавајќи ги и корегираните конечни проекти какоавтопатот Кичево-Охрид кои даваат придонес во градежништвото, во нискоградбата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ