пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Заев посеа заедничка иднина, и сега жнее награди на меѓународна сцена и признанија од врвни европски политичари. А дома, вади од свој џеб и донира за државата која со години беше крадена и запустена, и во која политичарите обично земаат, а не даваат на државата.
За разлика од него, доктор Грујо беше типичен пример за тоа. Надвор плаќаше со наши милиони за да го рекламираат, а дома сееше омраза и жнееше наши пари, а богами и плацови за џабал’к.
Не беше и не е нешто поарен и неговиот наследник доктор Мицко – со ожнеаните хидроцентрали и повеќе од пристојните професорски, советнички и директорски хонорари и плати од буџетски, народни пари.
Туку, замислете колку ситно и безначајно од оваа перспектива изгледа левото докторче Апасиев, цела кариера товено со пари од народот, кое сее омраза од Богородица до Табановце и си жнее народни парички доволни за еден пристоен левичарски живот, а богами и лајкови од на себе слични и безначајни мразачи и ботови.
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.