Во разговорите Заев потврди дека мисијата на ОБСДЕ/ОДИХР има соодветни услови за целосно набљудување на избирниот процес. Истовремено, се дискутираа стандардите за одвивањето на изборната кампања и изборниот ден, а кои се однесуваат на заштита од корона вирусот, при што беше нагласено дека ќе се преземат сите неопходни мерки за безбедна кампања и безбеден изборен ден за да се овозможи граѓаните сосема безбедно и сигурно и без никакви ризици да го остварат своето гласачко право.
Заев ги извести претставниците на ОБСЕ/ОДИХР дека СДСМ и Владата ги напрвија сите услови за еднаква изборна борба на сите политички чинители и на тој начин ја потврдија зрелоста на државата, после долго време да организира беспрекорни фер, демократски и слободни избори.
Заев побара ОБСЕ/ОДИХР да ја надгледува работата на сите институции вклучени во изборниот процес, со цел сите да бидат на висина на својата задача.
СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ќе водат фер и позитивна кампања, насочена на промоција на клучните столбови на програмата како што е заштитата на здравјето на граѓаните, создавање нова развојна македонска економија, градење правна и праведна европска држава, членка на НАТО и преговарач со ЕУ, при тоа афиримирајќи го концептот едно општество како една од врвните вредности, истакна Заев на средбите.