Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашниот ТВ дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека маршот за правда не значи дека актуелната власт пропадна да донесе правда, туку да им се прати порака на судиите и обвинителите дека од сега имаат законска основа за правда и ќе бидат набљудувани од будното око на граѓаните.
“Во демократска земја треба да се прави јасно разграничување помеѓу властите, парламентарната, извршната и судската власт. Извршната власт ги изготви измените, Парламентот ги гласа, сега практичната примена, од самото носење на законите конечно и со структурниот Закон за Јавно Обивинителство, народот наш очекува практична примена на самите закони. Тоа што е важно, беше да испратиме порака дека, како што будното око на јавноста е кон политичарите. Парламентот, Владата, градоначалниците, така е будното око и кон судиите и обвинителите. Не треба да се дозволи никогаш повеќе да застарат предметите, треба да се дефинира дека ќе се сноси одговорност штом застари предмет, веднаш ќе се разреши судија, тоа е нешто кое мора да следува во иднина. Не смее да се дозволи да се вратат повторно од почеток предметите, не смее да се чуваат во фиока, самите предмети”, рече Заев.
„Навистина правосудството е независна власт и не треба да има никакво мешање. Случај беше до 2017 година кога се дерегираа пресуди, како се влијаедиректно врз судиите, тоа ние нема да го дозволиме, се боревме против тоа, и во такви околности одговорноста на судиите е пред се пред граѓаните и јавноста која им дава плата, заради тоа и постојат… Законот за ЈО е закон кој важи еднакво за сите. Законот е работен заедно со експерти на европска делегација и ЈО повеќе од две години, таму се и најголем дел од барањата на ВМРО, за да биде фер. Не може да донесете пресуда само врз преслушување на разговори мора да се обезбедат и други докази. Имаме системско решение и секаде каде што има индиции за сторено кривично дело од такви разговори, ќе се постапува и ќе се истражува одговорност. Овој закон е пофален од сите, на сите им одговара само на Мицковски не му одговара“, додаде Заев.
А. Зеќири