• Latest

Заев за МИА: Во општество ослободено од режимскиот притисок, значително е намален бројот на закани и напади кон новинарите и кон ЛГБТИ лицата.

August 14, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за МИА: Во општество ослободено од режимскиот притисок, значително е намален бројот на закани и напади кон новинарите и кон ЛГБТИ лицата.

August 14, 2019 13:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сите замешани во случајот кои прекршиле закон да си одговараат со соодветни казни, во транспарентна правосудна постапка. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви.

Жалам ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, но останувам на моите определби за кои претходно зборував, како и на вербата во вредностите за кои отсекогаш сум се борел. Нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ“, вели Зоран Заев во интервју за МИА.

Криминалци, педери, суетни и идиоти, претешки формулации. Отворивте фронт со сите? Господине Заев ова за вас не е дискриминација, закана, ако го земте јавно изреченото од Вас како премиер? 

Заев: И јас и Владата, цврсто стоиме во одбрана на слободата на изразувањето, слободата на медиумите и во одбрана на човековите права на сите индивидуи во нашата земја. За мене и за Владата сите луѓе се еднакви. Не правиме разлики врз основа на верска, етничка, социјална, политичка, сексуална  или каква било друга основа. Заедно со сите граѓани посветено го градиме и ќе продолжиме да го градиме концептот на едно, заедничко и фер општество за сите. Владата цврсто стои на својата определба за недискриминација и за почитување на различностите на сите заедници во земјата, вклучително и ЛГБТИ заедницата. Во Северна Македонија нема веќе напади врз ЛГБТ лица, се одржа слободна и безбедна парада, а сексуалната определба е вклучена во измените на новиот Закон за антидискриминација, за кој опозицијата гласаше против.

Во однос на случајот „Рекет”, сметам дека секој граѓанин, без разлика дали е политичар или новинар, има обврска кон правната држава и кон јавниот интерес сите индиции и информации за злоупотреби да ги пријави во истражните органи, како што тоа јас прв го направив. Примарна цел во расветлувањето на случајот „Рекет” мора да биде јавниот, а не личниот интерес. Како што јавно, без предрасуди верувам и се залагам за праведно општество, исто така го почитувам и сопственото право со термини и речник што го користи секој наш граѓанин да посочам на поединци или појави што се негативни во општеството.

Зборувам за карактери на луѓе и нивно однесување. И како што од дно на душата ги почитувам и промовирам суштинските вредности на новинарската професија, а тоа се целосната слобода на говор, изразување и критика, така имам полно право да дадам и карактеристика дали некој суетно или со други намери креира впечаток во јавноста.

И се извинивте на ЛГБТ заедницата, но медиумските организации го дефинираа ова како закана, атак врз слободата на новинарството и суетност на власта која треба да знае да трпи критика!? 

Заев: Во изминатите две и повеќе години целосно ја отфрливме востановената режимска пракса на претходната власт да се вршат притисоци врз новинари, да се контролираат меидуми и да се користат државни ресурси за масовни рекламни пропаганди преплатени со пари на граѓаните. Во овие две години Министерството за внатрешни работи постапува по случаите на закани и напади од минатото врз сите граѓани, и не служи веќе како апарат за репресија. Општеството е целосно растеретено и ослободено од режимскиот притисок, а со тоа и значително е намален бројот на закани и напади, и кон новинарите и кон ЛГБТИ лицата.

Медиумските организации и новинарскиот еснаф се целосно вклучени во сите медиумски реформи кои беа обезбедени за демократизација и професионализација на медиумската сфера до сега, а нивната улога во реформите останува клучна и во периодот којшто следува. За подигнувањето на степенот на слобода и на условите за професионално и демократско работење на медиумите и новинарите говорат бројките и индикаторите на меѓународните организации кои се бават со слобода на изразување, како што е Репортери без граници.

Во исто време, моја обврска како премиер е да ги информирам граѓаните за сите појави во општеството и нивната позадина. Ова во никој случај не значи никаква закана, ниту застрашување, влијание или притисок врз било кого во неговата работа, без оглед какви се намерите. Ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, навистина жалам и затоа го давам ова појаснување, но останувам на моите определби за кои претходно зборував како и на вербата во вредностите за кои отсекогаш сум се борел.

А, зошто под квалификативот ,,еден суетен новинар” се препознал новинарот Бранко Геровски тоа треба него да го прашате.

Неспорно е дека станува збор за информациска војна, претседателот Пендаровски ова го дефинира и како загрозување на националната безбедност и апелира, без да се нарушува слободата на изразување, внимателно да се проверуваат информациите пласирани од различни страни, затоа што некои немаат цел да ја информираат јавноста, тука да ја поткопаат вербата на граѓаните во правдата и државните институции. Која е Вашата дефиниција? Колку сето ова е во функција на спречување на евроатлантските аспирации на земјата и колку може да влијае?

Заев: Ова е оној дел од борбата за конечна победа на правдата и демократијата врз криминалот и манипулациите за кој велам дека е трауматичен, но неопходен.

Овој случај покажува дека нашата борба има смисла и резултат. Институциите функционираат и заедно со граѓаните покажуваат сериозен отпор на неправилностите. Секаде во светот, во која било земја каде власта одлучно и искрено создавала услови да се отвораат истраги каде што имало и најмало сомневање, секаде било тешко и трауматично. Нема да е лесно и кај нас. Ќе биде тешко, но вака стануваме држава каде владее правото, само така ќе бидеме држава каква што сите посакуваме.

Северна Македонија е подготвена за предизвиците со кои постојано се соочуваме на патот до влез во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Не сме ни први ни последни кои се соочиле со противници кои ставаат препреки на интеграцискиот пат.

Но, граѓаните да бидат спокојни, државата има капацитети и со поддршка од јавноста и од западниот демократски свет нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

Јавните пораки ги слушаме – има ли други пораки од меѓународната заедница и Брисел? 

Заев: Пораките од западниот демократски свет се јасни, недвосмислени и идентични со оние на граѓаните на нашата земја. Тоа значи дека тие очекуваат целосно и неселективно расчистување на сите случаи на корупција и дека институциите на системот се должни во брза и ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи, а притоа без одлагање да се процесуираат предметите кои произлегуваат од незаконското прислушување од минатото.

Партнерите од меѓународната заедница очекуваат да продолжат напорите на политичките партии за усвојување на Законот за јавно обвинителство во Собранието на РСМ, како и дека заедничка цел на сите политички фактори треба да биде позитивна одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври оваа година.

Кога очекувате разврска за „Рекет“, кажавте дека нема никој да биде поштеден, ама како и кога?

Заев: Барам и очекувам темелна, многу прецизна, брза и независна истрага, која мора да заврши што е можно поскоро и мора да ги покаже сите детали. Резултатот од истрагата мора да донесе преземање одговорност, исклучиво согласно докази и согласно словото на правото.

Потсетувам дека прв го пријавив случајот, и во тоа својство, и како граѓанин и како премиер имам целосно право да барам сите замешани во случајот кои прекршиле закон да си одговараат со соодветни казни, во транспарентна правосудна постапка. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви.


Извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ