• Latest

Заев за „Монструм“: Процесот е воден на транспарентен начин, политичарите треба да ги тргнат рацете од судството и обвинителството

February 25, 2021

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Заев за „Монструм“: Процесот е воден на транспарентен начин, политичарите треба да ги тргнат рацете од судството и обвинителството

February 25, 2021 14:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Многу е важна нашата улога каква држава, какво општество димензионираме, во кој правец ја насочуваме државата и пред се младите луѓе. Затоа што не е во ред да се дадат лажни надежи. Тоа што ние можеме како политичари е да помогнеме во потврдување на доволно докази за реотворање на процеси и предмети, денес тоа го можеме преку институциите што се под Парламентот или Владата затоа што тие се управувани директно од политичарите, а согласно докази и аргументи обвинителите да одлучуваат и судовите да пресудуваат, рече на денешната собраниска седница премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Алтернатива во врска со случајот „Монструм“.

Заев тврди дека нема никакво влијание, ниту било каков обид за влијание за овој случај или кој било друг и нема да има во понатамошните постапки пред Апелација, пред Врховен суд, затоа што, како што нагласи, тоа е минато свршено време. Секој, посочи, добива шанса и овде доказите и аргументите, според него, се богови во постапката. Истакна дека сосема нови обвинители и судии суделе по предметот.

-Уште во периодот на објавување на бомбите должност моја беше и како човек и тоа го сторив, сите прислушкувани материјали ги предадов во СЈО. Се отворија предмети и процеси, се реотворија, дел завршија успешно, дел завршија со повторување на казна, нови судски процеси. Ветувањето дека е вредно се за кое постои било каков дополнителен доказ и индиција, впрочем и нашите закони тоа го предвидуваат и Собранието отвори дискусија за посебни законски решенија на оваа тема се со конечна цел – правда, нагласи Заев.

Правдата, посочи тој, е невин да не лежи во затвор, но правда е тој што се огрешил по закон да одговара.

-Ова е еден од случаите во нашата земја кој доби повторување на постапка. Сите транскрипти, т.н. бомби, беа презентирани на јавна седница во судот, сите достапни на јавноста. Внимателно преку јавно достапните информации го следев целиот овој процес затоа што е чувствителен и за семејствата кои ги загубија децата и рибарот, и за луѓето кои се осомничени, и еве повторно осудени, дел ослободени, рече Заев, додавајќи оти процесот е воден на транспарентен начин.

Правосудниот систем, како што нагласи, е тој што ги носи одлуките.

– И ако на кој било начин подгревано, неосновано, ставајќи го самиот систем под прашалник моја должност е да прашам, зошто таа година кога бевме заедно не направивте нешто со мене, затоа што не е наша работа, ниту тогаш ваша, ниту сега наша, ниту тогаш наша. Тоа е работа на јавно обвинителство и судот. Дефинитивно мора да знаеме дека политичарите треба да ги тргнат рацете и од судството и обвинителството. Таму течат процесите, рече Заев.

Процесот, како што вели, беше целосно достапен до јавноста и се гледале сите детали.

-Повторно се направи претрес на сите докази и излезе аутпут којшто е пресуда на основен суд… Мора да има докази за да работи судот на тоа. Да направиме се што можеме за било кој од случаите, да добие транспарента завршница, но во рамки на правосудниот систем, заклучи Заев, посочувајќи дека со правото на протест излегува вистината и тоа, како што нагласи, е слободарско право во демократски земји како нашата, но, додаде, треба да внимаваме и да работиме за да не загрозиме одредени многукратни други права на било кои од етникумите во нашата земја.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ