„Зошто од се да правиме проблем во државата? За прашање кое 20 години не ни е спроведено, а сите знаеме колку ни треба, дека нема никакви влијанија да ја променат државата. Треба сите да застанеме зад пописот.“ – изјави Заев вечерва на ТВ24.
Премиерот истакна дека и опозоцијата знае дека пописот е потребен за сите политики, дури и за нивните партиски. Комплетно за се ни требаат статистичките податоци, рече Заев. Во самиот попис го имаме вградено Евростат. Граѓаните ќе се изјаснат како сакаат и имаме резиденти и нерезиденти.
„Пописот е толку серизна работа, што ја идентификувам со државничката одговорност за граѓаните. Затоа и има казни. Ова е сериозно законско прашање и ова не се избори.“ – рече Заев.