• Latest
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Заев за законот за државјанство, пописот и лажните вести

March 30, 2021
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Заев за законот за државјанство, пописот и лажните вести

March 30, 2021 19:14
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ПОПИС, ТОП 5
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

На прес конференцијата на тема „Учи паметно, работи стручно“ на министерката за образование Мила Царовска и премиерот Зоран Заев, имаше и неколку прашања надвор од темата, а на актуелни настани и процеси.

Така, на новинарско прашање поврзано со барањето на Алијансата за Албанците за законот за државјанство и за најавената средба со оваа партија, премиерот Заев одговорив:

„Како претседател на Владата дадов насока уште четвртокот вечерта после пратеничките прашања и до МВР и до МП да подготват идеи, да проверат европски пракси и да изнајдат потенцијални решенија што претставуваат решенија засновани на докази и аргументации. Нашата волја е присутна, исто како и опозиционите две политички партии АА и Алтернатива. Верувам дека ќе изнајдеме решение. Секако, го замолив координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, да ги координира и контактира координаторите да можат да бидат присутни утре во 10 часот, кога ќе дојдеме во Собранието со двајцата министри за внатрешни работи и за правда. Верувам дека ќе најдеме решение, сега додека трае оваа прес конференција, гледам дека ме бараа координаторот. Веројатно ќе треба да исконтактираме можеби и со лидерите, но што и да е, нашата намера е јасна – сакаме да изнајдеме решение и секако да ги отстраниме сите можности на блокирање.“

„Конкретно, од тоа што сум информиран, ова е мал детаљ од она што треба да е подготвено. На пример, ако се работи за повозрасна жена, наша сограѓанка која нема државјанство, а има две деца кои имаат свидетелства, тука се децата, поминале одредени години, дошле и до свидетелства, дошле до одредени документи – тоа би било сериозен доказ дека на таа и таа жена треба да ѝ се даде државјанство. Имаме случаи кога од стапувањето во брак се поминати 8, 10, 15 години, а за жал сè уште не е издадено државјанство. Имаме случаи кога членови на семејството како што се родители, деца, брачен другар… Мислам дека овде ќе ги најдеме практичните аргументации да изнајдеме решение да давање на државјанство“ – нагласи Заев.

За законот за попис и најавените опструкции од ААА, Заев одговори: „Јас мислам дека нема никакви причини, следејќи го историјатот, аргументацијата на овие две значајни опозициони партии АА и Алтернатива. Впрочем, кога се донесе законот, имаа предлог самиот попис да се одложи од април за јуни. Значи, тие побараа токму од слични или исти причини да биде одложен пописот. Утре ќе разговараме за оваа работа и верувам дека ќе изнајдеме решение, секако не само заради тоа што треба сите да стоиме зад вака сложена и многу важна статистичка операција. Пописот е насушно потребен за креирање на сите политики во иднина во државата, зборувам за економски, образовни, здравствени… Ние имаме навистина стари податоци што се постари дури и од 20 години. Верувам дека сите одговорно ќе се однесуваме.“

Премиерот Заев, на прес конференцијата, одговарајќи на новинарско прашање, зборуваше и за лажните вести.

„Навистина, лажните вести можат да нарушат здравје, можат да направат проблеми дури можат да уништат и човечки живот, толку се страшни и мора да се бориме со нив. Има спремни екипи во Секторот за односи со јавноста во Владата, но и во другите министерства кои работат и нема потреба да држат само прес-конференција за ова, туку и реагираат во реално време“ – рече Заев и наведе неколку примери само од почетокот на оваа работна недела.

„На пример, само во понеделникот се разбудивме прво со лажна вест со наводна објава од почитуваниот Д-р Докиќ, директор на клиниката за пулмологија, што мораше веднаш да се демантира, секако, откако тој самиот го демантира. Неколку минути потоа излезе лажна вест дека тројца министри се вакцинирале. Веднаш излезе демантот дека тоа е лажна вест. Третата вест, паралелно, рано наутро, беше дека граѓани кои што немаат македонско државјанство од дијаспората се попишувале. И тоа беше лажна вест. Го избрав како пример, само еден момент од почетокот на работната недела, понеделник наутро, кога во исто време излегоа вакви вести, а беа проширени од еден пратеник, бивш министер, господинот Милошоски. Тој само дава причини и охрабрување на сите оние кои што шират лажни вести. Одговорноста е преголема и уште еднаш ја испраќам пораката – таа не е само законска одговорност, и кривична и прекрошчна, таа е пред сè етичка, затоа што дефинитивно може дури и да уништи човечки животи“ – изјави Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ