• Latest

Зајакнувањето на законската регулатива и личната одговорност клучни за справување со говорот на омраза

May 31, 2023
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Зајакнувањето на законската регулатива и личната одговорност клучни за справување со говорот на омраза

May 31, 2023 13:28
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зајакнување на законската регулатива, лична одговорност, информираност, практична примена и соодветни финансиски средства се дел од предизвиците за соочувањето со говорот на омраза кои беа дискутирани на отворањето на денешната конференција „Општество без омраза: заедничка заложба и заедничка цел“ на која беше промовирана Препораката на Комитетот на министри за борба против говорот на омраза.

Како што истакна заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, безбедната дистанца од која денес се коментира, од која се пласираат ставови и информации, од која се влегува во дискусија, а особено можноста анонимно да се влезе во јавниот дискурс, ја разорува базичната пристојност во односите меѓу луѓето, а тоа, според неа, значи отворено поле за ширење омраза, која го раскинува социјалното ткиво и ја руши довербата и солидарноста во општеството.

Грковска истакна дека регулативата за справување со феномените на ширење на говор на омраза е исклучително важна и таа мора да го следи развојот на настаните и да се адаптира на актуелниот контекст и потреби.

– Советот на Европа и Европската унија години наназад сериозно ги третираат овие прашања и ги помагаат нашите институции и граѓанскиот сектор во напорите да се унапреди правната регулатива, како и следењето и анализирањето на состојбата со говорот на омраза во земјава. И денешниот настан е дел од тие напори и сметам дека препораката на Комитетот на министри за борба против говор на омраза, која сега ја имаме и во превод на македонски јазик и која ќе се презентира подоцна, ќе ги поттикне сите засегнати чинители засилено да се посветат на преземање мерки за нивно целосно спроведување, истакна таа.

Вицепремиерката ја подвлече личната одговорност, особено на оние кои имаат одредено влијание во средината, а тоа влијание го користат, па дури и го јакнат преку ширење омраза.

– Таквото однесување и таквата реторика на политичарите и јавните личности е катализатор за негативниот набој во општеството. Кога, на пример, имате ситуација со пратеник кој од собраниска говорница до јавноста испраќа порака со повик на насилство, тоа не е само евтин популизам за собирање поени, туку отворен повик за вршење кривични дела од омраза. А кога говорот на омраза се нормализира на ова ниво, не може да се очекува поинаков ефект во пошироката средина, смета таа.

Дополни дека ова прашање не се решава со една мерка или со еден закон и дека справувањето мора да биде континуирано и со вклученост за сите страни и со инкорпорирање на меѓународните практики и искуства.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова кажа дека мора да ја подвлечеме линијата каде влегувањето во забранетата зона би било врзано за дискриминацијата, нешто што е војувачко, бидејќи, како што рече, некогаш може да се војува со зборови.

– Никогаш не смееме да заборавиме на слободата на мислата и слободното изразување на мислата. Не смееме да заборавиме дека тоа е само членот 10 од Конвенцијата, туку дека тоа е фундаментот на најголем број други слободи, без тоа не може да има демократија, вели таа.

Според Силјановска Давкова, потребна е информирана маса на луѓе, бидејќи, според неа, неинформирани луѓе, најчесто, како што рече „избираат погрешни зборови“, како и правна рамка која ќе биде сеопфатна и ефикасна но и многу внимателна.

За Александро Албу, раководител на сектор, Делегација на ЕУ во Скопје, општество кое што е конкурентно, мирно и одговара на потребите на граѓаните е општество што ги штити човековите права.

Тој ги издвои родовиот идентитет, сексуалната ориентација, политичките прашања како основи на најголемиот дел од дискриминацијата.

– Овие предизвици мора да се решаваат холистички, со соодветни финансиски средства. Потребна е проактивност и преземање одговорност, не само во овој проект туку и потоа, во другите активности, рече тој.

Раководител на Одделението за соработка и против говорот на омраза во Генералниот директорат за демократија, при Советот на Европа, Стефано Валенти, говореше за препораката при што рече дека во Северна Македонија постои нежна рамнотежа помеѓу различните малцинства и групи и затоа, како што рече, „сметам дека оваа порака е важна“.

– Препораката не е судска практика, дава насоки за независните тела за мониторинг како Европската Комисија а е донесена од 46 членки земји на Советот на Европа. Владата на Република Северна Македонија ја усвои, ја донесе оваа препорака како свој документ. Се работи за меко право кое што ќе стане законска рамка во рамките на судската практика, рече тој.

Според Валенти, оваа препорака мора да влезе во практичната примена и на судовите и на Владите. Тој дополни дека таа дава дефиниција за говорот на омраза која што е поврзана со сериозноста на говорот и смета дека кривичното право треба да биде последното средство кое треба да се примени во случај на говор на омраза.

Цел на конференцијата која има три панел дискусии е да поттикне дијалог меѓу различни актери во борба против говорот на омразата, како и да овозможи форум за дискусија за иницијативите што се досега преземени во согласност со Препораката, како и предлози за можни активности кои би оделе во насока на нејзиното спроведување.

Препораката на Комитетот на министри за борба против говорот на омраза е усвоена во мај 2022 во Торино. Меѓу останатото, Препораката ги повикува владите на земјите-членки да разработат сеопфатни стратегии за спречување и борба против говорот на омраза, вклучително и преку освојување делотворна законска рамка и спроведување внимателно калибрирани и пропорционални мерки.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ