• Latest

Закани, нарушување на тајноста на гласањето и други нерегуларности во Изборната единица 3 во прелиминарниот извештај на ЦИВИЛ

July 17, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Закани, нарушување на тајноста на гласањето и други нерегуларности во Изборната единица 3 во прелиминарниот извештај на ЦИВИЛ

July 17, 2020 19:32
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Изборната единица 3 ги опфаќа општините Куманово (18 избирачки места), Крива Паланка, Штип, Кочани, Велес, Берово, Пехчево, Пробиштип, Делчево, Петровец, Чашка, Чешиново-Облешево, Зрновци, Карбинци, Зелениково, Илинден, Свети Николе, Кратово, Виница, Градско…

Според неофицијалните конечни резултати, објавени од Државната изборна комисија во Изборната единица 3, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ освои 10 мандати, Коалиција „Можеме“ 9 и Левица 1 мандат. Во ИЕ 3, Коалиција СДСМ доби 66.853 гласови, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 71.551,  ДУИ 3.331, Алијанса за Албанците и Алтернатива 992, Левица 6.939 и ДПА 242 гласови.

Во досега обработените извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ што набљудуваа во ИЕ 3 забележани се 65 нерегуларности во повеќе категории. Во моментов, се обработуваат уште десетици други извештаи од набљудувачите, како и граѓанските пријави. Според класификацијата на настани, забележани се проблеми со Избирачкиот список, нарушување на тајноста на гласањето, незаконито однесување на набљудувачи, незаконито работење на органите на Државна изборна комисија, како и незаконито однесување на гласачите/граѓаните. Имаше и пријави за непочитување на протоколите за заштита од корона вирусот.

Закани, притисоци, агитација

Во Кочани е пријавен еден случај (гласач сведочел за наш набљудувач, постои аудио снимка) дека член на ОИК, Лазар Стефанов, воедно и лично обезбедување на кандидатот за пратеник од листата на ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков, агитира и заплашува гласачи да гласаат за број 14 пред избирачките места 0837 и 0838, ОУ Љупчо Сантов.

Во Кочани е пријавен и случај каде член на изборната администрација, воедно препознаен како партиски активист на ДУИ, кој е проверувал списоци зад избирачко место 0856, во ОУ Малина Поп-Иванова. Лицето, според пријавата на набљудувачот, се вика Ангелчо Тасев, вработен во Македонски Пошти. Истиот, попладнето на денот на гласање бил приведен од полицијата за агитирање, па подоцна пуштен.

Од Кочани доаѓа уште еден случај каде бил забележан набљудувач на ВМРО-ДПМНЕ кој по секое гласање на 10 до 20 гласачи излегувал од Избирачкото место 0835, се јавувал на телефон и оваа постапка ја повторил повеќе од 10 пати. Се претпоставува дека кажувал кој гласа, а ИО го предупредило дека ако не престане ќе внесат во записник како се однесува. Сепак, такво нешто не е внесено во записникот, а не е потврдено дека таквото однесување престанало.

Надвор од избирачкото место 2324 во Карбинци забележани се партиски активисти, кои глумеле дека сликаат селфи пред избирачко место, но всушност ги сликале сите оние кои гласаат. На една од сликите е фатен и нашиот набљудувач.

Во избирачко место 863, Кочани, забележан е набљудувач на ВМРО-ДПМНЕ кој насочувал гласач за кого да гласа.

Во Берово, пак, околу избирачкото место 0014 во село Русиново, забележано е партиско возило на ВМРО-ДПМНЕ како носи гласачи и разговара со службено лице поставено на местото на гласањето.

Од она што пристигна од нашите набљудувачи во Велес, околу ИМ 2178, 2179 и 2180 сместено во општински објект, поранешно училиште, во дворот имало групирање на членови од здружението Антон Лазов Ќосето и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, кои истовремено биле и акредитирани набљудувачи до ДИК. По интервенција на полиција се разотишле. Биле забележани повторно како се групираат пред друг објект исто со избирачки места. Според информациите на набљудувачот дел од нив биле вклучени во настаните од 27 април 2017.

Избирачки список

Проблеми со Избирачкиот список се забележани на повеќе места и тоа: во Пробиштип 3 случаи (ИМ 1565, 1536, 1531), во Штип 1 (ИМ 2282), во Делчево 5 (ИМ 581, 582, 583), во Пехчево 4 (ИМ 0024), во Петровец 2 случаи (ИМ 2386, 2384).

Гласачите во овие општини или не биле на Избирачкиот список, како што се случаите во Делчево, каде тие имале лични карти издадени во февруари 2020, но сепак не се нашле во Избирачкиот список. Понатаму, причините се и лични карти со истечен рок, но најзагрижувачки се случаите кога, и покрај валидната документација, некои гласачи ги немало на Избирачкиот список. Сите овие гласачи се препратени во ОИК каде им кажале дека можат да поднесат приговор, но не и да гласаат! Со ова е повредено едно од основните човекови права, правото на глас, гарантирано и со Уставот и законите на РСМ.

Двајца гласачи од Пробиштип поднесоа приговор до ДИК, но и двата се одбиени. Од Штип има 7 приговори, сите одбиени. Од Делчево, Петровец и Пехчево нема ниту една пријава. Тоа значи дека гласачите, едноставно, се откажале од своето право на глас, не сакајќи да се изложуваат на бирократските постапки со неизвесен крај.

Нарушување на тајноста на гласање  

Гласно изговарање на имињата на гласачите, гласно извикување за кого се гласало, фотографирање на гласачките ливчиња, се само дел од начините на кои се наруши тајноста на гласање во ИЕ3.

Во Кочани е забележан еден случај на фотографирање на гласачкото ливче (ИМ 0835). Член на ИО го забележал тоа, реагирал и го внел случајот во записник. Дополнително била повикана и полицијата, но гласачот успеал да побегне од избирачкото место.

И во Пробиштип е пријавен случај на фотографирање на гласачко ливче на ИМ 1531, во ОУ Браќа Миладиновци. Овде случајот го забележал набљудувач кој доцна реагирал, откако гласачот го ставил ливчето во гласачка кутија. ИО внел во записник и била повикана полицијата. Во 20:46, на 15 јули,  полицијата го изнела гласачот од избирачко место.

Во Делчево, ИМ 0572, ОУ Ванчо Прке, набљудувач на ЦИВИЛ нотирал каде еден гласач му кажува на друг гласач за кого да гласа.

Членови на ИО или набљудувачи на политички партии гласно ги извикувале имињата на гласачите во избирачките места 2281 (3 случаи), 2266 (1 случај) 2293 (1), 2275 (2), 2280 (1), 2276 (1) во Штип, со што ја нарушиле тајноста на гласањето.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ