• Latest

Закани кон директорот на АВМУ поради одбиено барање за одземање дозвола на ТВ Алсат М

July 17, 2023

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Закани кон директорот на АВМУ поради одбиено барање за одземање дозвола на ТВ Алсат М

July 17, 2023 13:31
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја известува јавноста дека на 13 јули, од страна на непознато лице, на мобилниот телефон на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски, се упатени пораки со заканувачка содржина.

-Пораките се пратени откако Агенцијата, на седницата одржана на 11 јули, ја отфрли поднесената анонимна Иницијатива за одземање на дозволата на ТВ Алсат-М. Агенцијата ја разгледа доставената Иницијатива, меѓутоа се утврди дека не може да се пристапи до линковите кои беа посочени како наводен доказ дека Ве Ве Гроуп, сопственик на Алсат М ја злоупотребува телевизијата и врши притисок врз државните институции за остварување на своите бизнис потреби. Воедно, Иницијативата беше доставена како анонимна пријава и немаше можност да се извести подносителот да ги отстрани недостатоците во неа, стои во соопштението

Додаваат дека во медиумската легислатива се јасно утврдени основите поради кои може да биде одземена дозволата на некое радио или телевизија, токму за постапувањето да не биде на произволна основа туку во точно определени случаи.

-Упатувањето заканувачки пораки поради неисполнето барање, засновано на лични желби и лични интереси претставува индивидуално психичко вознемирување и малтретирање и во случајов, притисок и директно загрозување на слободата на медиумите и на слободата на информирање и изразување, се додава во реакцијата на АВМУ.

Агенцијата случајот го пријавила во Министерството за внатрешни работи и останатите надлежни институции, од каде се очекува брза разрешница, утврдување одговорност на лицето кое упатило закани и негово соодветно санкционирање. Воедно, известени се и релевантните меѓународни организации.

Се надеваат дека ваквите случаи во иднина нема да се повторат бидејќи рефлектираат не само врз медиумите туку и врз безбедноста и сигурноста на новинарите и медиумските работници.

Tags: АВМУАлсатзаканиЗоран Трајчевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ