• Latest
фото:МИА архива

Законите за даночна реформа пред Комисијата за европски прашања

July 24, 2023
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Законите за даночна реформа пред Комисијата за европски прашања

July 24, 2023 08:36
in Uncategorized
фото:МИА архива

фото:МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за европски прашања денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се трите закони за даночните реформи, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце: Предлог законот за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

Во Собранието за денеска е закажана уште една седница на Комисијата за европски прашања, на која, пак, треба да се расправа за Предлог законот за адвокатурата и за предложените измени и дополнување на Законот за безбедност на храната и на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија , сите во второ читање.Законите што се на дневен ред на двете седници  на комисиите за европски прашања се предводени за расправа и во Законодавно-правната комисија, која исто така треба да одржи седница.

Стопанските комори минатата недела во повеќе наврати побараа повлекување на законите за даночни реформи, а претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  најави дека на седницата на Комисијата за европски прашања  ќе побараат да се организира јавна расправа за овие закони, бидејќи, како што рече,  добро е јавноста да биде запознаена со аргументите од сите страни кои ги опфаќаат.

Стопанската комора на Северна Македонија преку Клубот 100, упати допис до претседателот на Собранието, премиерот и до министерот за финансии со кој бараат да запре донесувањето на законот за данок на солидарност, по итна постапка со европско знаменце.

Претседателот на комората Бранко Азески минатата недела порача дека ќе ги искористат сите средства што им стојат на располагање за да го спречат донесувањето на законот.

-Ќе одиме до крај зашто мислиме дека нашите аргументи се издржани и ќе ги искористиме сите средства во Парламентот, кај претседателот на државата и кај Уставниот суд, изјави Азески во одговор на новинарско прашање.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, оцени дека сите чекори што Стопанската комора може да ги преземе се легитимни, а потоа, како што рече,  и институцијата Претседател на државата и институцијата Уставен суд, ако сметаат дека е моментот да постапат како што Комората укажа, може тоа да го направат.

-Ние како Влада немаме како да отстапиме затоа што предлогот е веќе испратен во законодавниот дом.Законот за солидарност е потреба за населението. Тие пари нема да одат за никакви други активности, туку за да им се помогне на оние на кои им е најпотребно, изјави Битиќи.

Владата на редовна седница на 11. месецов, на предлог на Министерството за финансии, ги утврди текстовите на трите предлог закони, чиишто одредби, како што соопшти, се усогласуваат со директиви на Европската Унија и европското право.

Предлогот на Закон за данокот на солидарност предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

-Целта на Предлог законот за данокот на солидарност како што е информирано од Министерството, е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи, во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза, при што е земена предвид европска регулатива. Европската Унија, како што е посочено, заради ублажување на последиците од енергетската криза, усвои Регулатива на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6 октомври 2022 година, за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата, а со којашто се утврдува и обврската за наплата на придонес за солидарност. Според Регулативата, придонесот за солидарност треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании коишто оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар, информираше владината прес-служба.

Со предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, како што е образложено од ресорното министерство, се следат измените на Директивата на Европската Унија со којашто се уредува данокот на додадена вредност. Се врши намалување на стапката од 18 проценти на 5 проценти за прометот со менструални производи со цел поттик за поголема заштита и хигиена кај одредена група на граѓани; се намалува даночната стапка за дигиталните учебници; се зголемува стапката на ДДВ од 5 проценти на 10 проценти на производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана. Исто така,  се зголемува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластена даночна 5 проценти на редовната стапка од 18 проценти, но по реакциите во јавноста од СДСМ најавија амандманска интервенција за пролонгирање на рокот за враќање на стапката за пелети.

Во однос на прометот на станбени згради и станови, односно продажбата на недвижности, се прави уште едно транзициско одложување на примената на општата даночна стапка, којашто е задолжителна за овој промет со пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија. Во законот се внесуваат и определени мерки, како што дозволува и самата Директива на Европската Унија, со цел да се поедностави постапката за наплата на ДДВ или да се спречат одредени форми на евентуално даночно затајување или избегнување, со цел поголема правна сигурност при наплата од страна на даночниот органи и кај самите даночни обврзници.

Целта на предложените измени и дополнувања, на законот за данокот на добивка, пак, според објаснувањето од ресорното министерство, е усогласување со препораките од Европската Комисија и од меѓународните финансиски институции. При тоа, се пропишуваат законски решенија коишто придонесуваат за намалување на административниот товар на даночните обврзници и на Управата за јавни приходи, проширување на даночната база, преку таргетирање на даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем на данокот на добивка.

Tags: даноцикомисијаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ