• Latest

Законот за заштита на Водно се уште заглавен во институционални лавиринти

August 15, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Законот за заштита на Водно се уште заглавен во институционални лавиринти

August 15, 2019 14:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси една година откако беше најавен дека ќе биде донесен во најкус можен рок, законот за заштита на Водно се уште е заглавен во институционалните лавиринти. Во подготовката на законот, покрај Град Скопје учествува и канцеларијата на Програмата за развој на Обединетитие нации (УНДП).

Како што е познато, проблемот кој се појави со трасата за изградба на гасоводот на делницата Скопје Гостивар преку Водно и протестите на еко-активистите на „Го сакам Водно“ минатиот август, резултираше со ветувања на градската и на централната власт дека Водно ќе биде заштитено со закон од идни нарушувања на неговите природни карактеристики и од уништување на вегетацијата на планината, јавува МЕТА.

– Предлог студијата за валоризација за Водно заедно со зонирањето е подготвена и испратена на коментирање до град Скопје и општините, а потоа треба да следи донесување на закон за заштита на водно и дефинирање на управувач на заштитеното подрачје, вели Методија Саздов од УНДП.

– За во септември се планира јавна расправа. Идејата е град Скопје да формира јавно претпријатие за управување со заштитените подрачја и целта на проектот на УНДП е всушност да му помогне на градот во активностите околу започнување со работа на оваа институција и градење на нејзините капацитети. Очекувам доколку нема правни пречки дека Законот за Водно може да се донесе до крајот на 2019 – информира претставикот на УНДП.

Во екот на протестите против гасоводот преку Водно заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули најави итно донесување на закон за Водно како и на закон за заштита на пределот на Матка. Владата го задолжи Министерството за животна средина во рок од 30 дена да го изготви текстот на законот со кој, како што беше кажано конечно ќе се уреди статусот на Водно и ќе се заштити од понатамошна урбанизација и уништување иако имаше коментари дека се работи за нереално кус рок

Ова задолжение од Владата дојде откако стана јасно дека тоа што статусот на оваа планина не е докрај законски решен, овозможило реализација на проекти со кои се уништува голем дел од вегетацијата и природните хабитати на Водно.

Градската администрација тврди дека активно работи на носење на закони со кои посебно ќе се заштитат Водно и Матка како природни богатства.

„Се што е во наша надлежност се превзема за завршување на овие постапки со цел заштита на овие локалитети, додека самото носење на законите е во надлежност на министерствата и секако Собранието на РСМ“, стои во писмениот одговор од службите на Градот во одговор на прашањето до каде е подготовката на законските основи за заштита на Водно.

– Сите рокови за носење на планот за ревитализација на Водно поминаа, но сè уште се надеваме дека инертноста што ја покажуваат институциите ќе се надмине и дека набрзо ќе имаме соодветни информации и соработка – вели Татјана Стојановска од „Го сакам Водно“, појаснувајќи дека во моментов паралелно се одвиваат два процеса поврзани со заштита на Водно – изработка на законот за Водно и на планот за пошумување.

Средствата за пошумување беа обезбедени од Владата уште лани како надомест за градбата на гасоводот низ Водно.

– Во однос на законот за Водно, конкретно за студијата за валоризација за Водно заедно со зонирањето, имаме голем број на забелешки и истите ќе ги изнесеме на јавната расправа – вели Стојановска.

Од Шумарскиот факултет, кој беше ангажиран заедно со ЈП Паркови и зеленило да изготви план каде и како да се пошумува Водно во замена на уништената шума од гасоводот, како и од останатите проекти кои беа почнати на оваа планина од претходната власт, неофицијално велат дека тие го завршиле нивниот дел и дека наскоро ќе се излезе и во јавност со конкретниот план за пошумување. Ова беше едно од барањата на еко-активистите кои се бореа против изградба на гасоводот, откако стана извесно дека цевките сепак ќе поминуваат низ парк-шума Водно.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ