• Latest
Јован Андоновски Фото: ЦивилМедиа

Заменикот народен правобранител Андоновски во Киев оствари средба со својата украинска колешка Сивитска

June 2, 2022

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Заменикот народен правобранител Андоновски во Киев оствари средба со својата украинска колешка Сивитска

June 2, 2022 10:33
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Јован Андоновски Фото: ЦивилМедиа

Јован Андоновски Фото: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот народен правобранител е во посета на Украина каде се сретна со својата украинска колешка Ирина Сивитска со која разговараше за клучните прашања на Украинците кои се наоѓаат во Северна Македонија, информираат од тимот на заменик правобранителот.

На средбата беа дискутирани три клучни прашања: Пристапот до здравствена заштита на Украинците кои се наоѓаат во нашата држава, пристапот до образование на украинските деца, како и пристапот до работни места за привремено раселените Украинци. Се отворија и уште неколку прашања поврзани со престојот на украинските државјани во РС Македонија. Правобранителката Сивитска изрази благодарност и информираше за зголемениот обем на работа поврзан со прекршување на човекови права во областите во кои сѐ уште има воени активности.

Двајцата правобранители се договорија да останат во комуникација и будно да ги следат состојбите поврзани со масовното кршење на човекови права. Правобранителката Сивитска потенцираше дека масовните убиства во Буча и другите градови, Украина ги толкува како геноцид, како и дека Украина останува на барањето и останатите европски држави да ги класифицираат тие злосторства како геноцид.

Правобранителот Андоновски нагласи дека РС Македонија е пријател на украинскиот народ и дека ќе направи сѐ што е возможно за да се олесни нивниот престој во нашата држава.

По средбата во правобранителство, Андоновски имаше средби и во Јавното обвинителство со тројцата главни обвинители кои ги водат случаите против руските војници. Валериа Мелник, Емир Абдулаев и Оксана Димитриева го избрифираа правобранителот Андоновски за првите две пресуди против руските војници кои добија 11 и пол години затвор за воени злосторства. Обвинителите брифираа дека постојат индиции за над 14.000 воени злосторства, а во моментов оформени случаи обвинителството има за 79 лица. Според нивните бројки, над 100.000 лица се присилно раселени само од градот Мариопул. Една од главните теми беше и состојбата со децата. Од почетокот на војната има 689 повредени деца, а 243 загинати од кои 20 % се под 7-годишна возраст, а 137 деца се водат за исчезнати. Обвинителите се осврнаа и на депортацијата на деца. Според нив бројката надминала 1000 присилно депортирани малолетници. Во моментов, обвинителството има оформено 5 случаи за силување деца. Голема загриженост обвинителите изразија и за децата од Крим кои, според нив, веќе 8 години се милитаризираат и обучуваат да се борат против сопствениот народ. Правобранителот Андоновски нагласи дека можат да побараат и меѓународна правна помош и праша дали ќе бараат оформување меѓународен трибунал за воени злосторства. Понуди и македонска правна експертиза во обелоденувањето на воените криминални дела. Обвинителите изразија благодарност и рекоа дека секоја помош е добредојдена, но до овој момент нивното обвинителство е единствено кое отвора вакви случаи.

По двете посети, правобранителот се упати во посета на киевските предградија Ирпин и Буча каде беше откриена масовната гробница со 300 тела. Секретарот на општината Дмитро Гапченко, му ја објасни состојбата во детали и го однесе на увид и на местото на кое беше направена масовната гробница и на улицата на која беа пронајдени најголем број од мртвите тела. Андоновски имаше прилика да слушне сведоштва од преживеаните жители на Буча, како и од медицинските лица кои со денови се бореле да спасат човечки животи.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ