• Latest

Ѕанакопулос: Нема да има договор без ерга омнес и уставна ревизија

June 1, 2018

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ѕанакопулос: Нема да има договор без ерга омнес и уставна ревизија

June 1, 2018 11:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да постои договор доколку не се прифати ерга омнес и уставна ревизија, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија „Епсилон“.

Во интервјуто Ѕанакопулос објаснува дека во овој момент не постои договор и затоа избегна да навлегува во детали што се однесуваат на евентуалното решение.

– Додека не се договори сѐ, не е договорено ништо. Така е во преговорите. Но, она што со целосна сигурност можам да го кажам е дека ерга омнес и уставна ревизија се важни, односно главни предуслови за да може да постои било каков договор со поранешната југословенска Република Македонија, рече Ѕанакопулос.

Според него, треба да се донесат конечните политички одлуки, бидејќи не станува збор за едноставен договор, туку договор со многу технички и правни, но и политички прашања, „кои секоја страна треба да ги има добро и внимателно проучено“.

-Во овој момент не постои договор. Кога ќе има договор ќе ги дискутираме сите аспекти, сите детали. Ќе го соопштиме договорот, ќе ги информираме политичките лидери, ќе го известиме грчкиот народ и тогаш ќе можеме да имаме јасна дискусија за сите аспекти, за сите детали и за сите прашања што ќе се однесуваат на договорот, рече портпаролот на грчката Влада и одби да коментира дали Грција прифаќа идентитетот и јазикот да бидат македонски.

Сепак во однос на јазикот, го спомена она што и шефот на грчката дипломатија го има потенцирано дека „македонскиот јазик е признаен од 1977 во Обединети нации за време на владата на Константинос Караманлис“.

Ѕанакопулос истакна дека не сака да го предвиди исходот на преговорите кои во овој момент се на степен на премиери, јави дописничката на МИА од Атина.

Прашан за ставот на македонскиот претседател, портпаролот на грчката Влада вели дека реакцијата на Иванов, треба да се види од друг аспект.

– Се прашувам како е можно претседателот Иванов да има толку силна реакција за еден договор што во Грција некои го сметаат за договор што им штети на националните интереси. Сакам да кажам дека ако го видите ова на друг начин реакцијата на претседателот Иванов значи дека грчката Влада преговараше добро, грчката Влада се обиде да земе договор што му служи на националниот интерес, рече Ѕанакопулос.

Во однос на т.н Панмакедонски организации, односно здруженијата од грчката дијаспора кои ги организраа протестите во Солун и Атина, портпаролот на грчката влада вели дека тие функционираат на радикален начин и според него не го изразуваат ставот на мнозинството на грчкиот народ.

Министерот без ресор на Грција и портпарол на грчката влада, во интервјуто вели дека очекува евентуалниот договор да добие широка поддршка во парламентот.

Tags: грчката Влада и министер без ресорДимитрис Ѕанакопулосерга омнес
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ