• Latest

Западен Балкан е дел од Европа, блок тарифите за струја се менуваат од 1 јануари, Ромската популација е една од засегнатите страни вклучени во економските политики

November 22, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Западен Балкан е дел од Европа, блок тарифите за струја се менуваат од 1 јануари, Ромската популација е една од засегнатите страни вклучени во економските политики

November 22, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Земјите од Западен Балкан се дел од Европа и тие мора да бидат вклучени во нејзините стратегии

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја поздрави можноста да се разговара на оваа клучна тема не само во регионот и во Европа, туку на глобално ниво. Коментирајќи ги предизвиците при социјално-еколошка транзиција тој посочи дека најголемиот удар врз дисбалансот на пазарот на електрична енергија дојде после руската агресија на Украина, при што дојде до недостаток на енергенси во Европа, пред се гасот од кој зависеше и цената на електрична енергија, меѓутоа и снабдувањето со електрична енергија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Промена кај втората и третата блок тарифа за електрична енергија од 1 јануари идната година најави денеска како можност министерот за економија Крешник Бектеши.

„Потрошувачката е значително намалена, а не сум слушнал ни поплаки на граѓаните за висината на сметките, затоа што воведовме правичен концепт за тие што ќе штедат да платат помалку, а тие што имаат можност и трошат, да платат повеќе и да ги покриваат и овие што штедат за да имаат пониска цена на електрична енергија“, рече Бектеши.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЈСП Директорот на компанијата што опслужува дел од линиите на скопскиот градски превоз, „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, информираше дека Град Скопје денеска извршил инспекции во претпријатието, нешто што според него никогаш не се случило досега и што го чувствуваат како притисок.

– Ако мислат дека со тоа ќе извршат притисоци да се откажеме за да нема некакви казни, нема да го направиме тоа, рече Јовановски на денешната прес-конференција.

ОПШТЕСТВО Ромската популација е една од засегнатите страни вклучени во економските политики, нивната подобра интеграција и вклучување во сите сфери ќе даде придонес за севкупниот економски развој во државата, порача вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната отворање на меѓународниот „РЕДИ самит“.

ЗЕЛЕНА АГЕНДА Во панел дискусијата: „Стратешки пристап кон напуштање на јагленот: Дали енергетската криза стана поттикнувачки фактор?“, министерот Нуредини говореше за политичките и финансиските перспективи за праведна транзиција на нашата држава, како и за роковите за напуштање на јагленот и преминување кон новите извори на енергија што ги наведе Енергетската заедница, но во исто време и енергетската криза со која се соочуваме, наложувајќи прераспределба на буџетски средства од веќе предвидените проекти.

ИНТЕГРАЦИИ Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач, Бојан Маричиќ истакна дека е задоволен од подготвеноста на македонскиот преговарачки тим. Оценката следува по завршувањето на првиот билатерален скрининг за поглавјето 24 „Право, слобода и безбедност“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руската армија уби четворица цивили во Донецката област, уште двајца цивили повредени во гранатирањето на Вовчанск 

Руската армија на 21 ноември уби четворица жители на регионот Доњецк и рани уште четворица, изјави Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Парламентарното собрание на НАТО ги повика членките да ја прогласат Русија за терористичка држава Генералното собрание на НАТО усвои резолуција поврзана со Самитот на Алијансата одржан во Мадрид, како и со актуелната руска агресија врз Украина.

„Ги повикуваме државите членки јасно да изјават дека руската држава под сегашниот режим е терористичка“, истакнуваат од Генералното собрание на НАТО.

ЦИТАТИ

Услов за било која влада во иднина ќе бидат резултатите од борбата против криминалот и корупцијата. Тоа се фундаменти кои ги поткопуваат државните темели и внесуваат недоверба во системот. Потребно е таа борба да е и суштината и доколку сакаме да градиме европска и напредна држава, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова

Функционирањето на правната држава, со негување и унапредување на културните колективни идентификации 

Пропозицијата на македонскиот политички модел е релативно едноставна равенка што се темели врз теоретската и практичната разлика помеѓу патриотизмот и национализмот: колку повеќе граѓани, во политичка смисла, пред сѐ, ќе се чувствуваат лојални кон државата и нејзините институции, толку помалку граѓани, пред сѐ, ќе ја ставаат својата етничка припадност како примарен принцип на политичка лојалност. Тоа го зачувува уставното унитарно уредување на државата и нејзиниот либерално-демократски карактер, каде индивидуалните права се највисоко заштитени низ функционирањето на правната држава, со негување и унапредување на културните колективни идентификации, пишува Сашо Орданоски во колумната со наслов: „Парастос за македонскиот либерализам“.

Д. Варошлија

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ