• Latest

Започна дистрибуцијата на изборниот материјал, акредитирани 1045 набљудувачи, изборната кампања кулминира

October 14, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Започна дистрибуцијата на изборниот материјал, акредитирани 1045 набљудувачи, изборната кампања кулминира

October 14, 2021 17:26
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Утре е последен ден од кампањата за локалните избори. ДИК започна со дистрибуција на гласачките материјали, акредитирани се 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи, а партиите го користат последниот ден за меѓусебни обвинувања и дисквалификации, митинзи, прес конференции и презентации на социјалните мрежи и медиумите.

МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ќе го презентира својот Извештај од долгорочниот изборен мониторинг утре (петок, 15 октомври), со почеток во 12:30 часот. Презентацијата за јавноста и медиумите ќе се одржи во Прес центарот на ЦИВИЛ, во Бизнис центарот „Палома Бјанка“ на 3. кат.

Во Извештајот на ЦИВИЛ се поместени извештаите од мониторингот во повеќе од десет категории, коишто се нотирани во изминатиот предизборен период.

ЦИВИЛ ќе ги изнесе и своите наоди, анализи и препораки во пресрет на првиот круг од локалните избори.

ДИК започна со преземање и дистрибуција на избирачкиот материјал за претстојните Локални избори

Државната изборна комисија (ДИК), утрово од Битола почна со преземање и дистрибуција на избирачкиот материјал за претстојните Локални избори, што ќе се одржат в недела.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека станува збор за доверлив материјал кој содржи гласачки ливчиња и изводи од избирачкиот список.

АВМУ: Молкот започнува на 16 октомври и завршува во 19:00 часот на 17 октомври

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги известува радиодифузерите дека од 16 октомври, заклучно со 19:00 часот на 17 октомври, важат правилата за изборен молк.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања, потенцираат од АВМУ.

ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ АКРЕДИТИРАНИ 1045 ДОМАШНИ И СТРАНСКИ НАБЉУДУВАЧИ И ПРЕВЕДУВАЧИ

За Локалните избори 2021 во недела на 17 октомври, акредитирани се 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи. Изборите, според податоците од ДИК, ќе бидат мониторирани од 714 домашни набљудувачи.

Акредитирани се 512 набљудувачи од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 Скопје, 190 набљудувачи од Здружението ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје, како и 12 набљудувачи од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје.

Акредитирани се, исто така и 219 меѓународни набљудувачи и 40 преведувачи.

ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ поднесе пријави против кандидатот и актуелен градоначалник на Општина Струга од ДУИ, Рамиз Мерко и други функционери за, како што велат, прекршување на Изборниот законик, поткуп и масовно вработување во предизборната кампања. Сурија Рушити, шеф на изборниот штаб на Алијанса за Албанците во Струга, денеска на прес – конференција информира дека се пуштени пријави до Основното јавно обвинителство, ДИК и Државната комисија за спречување корупција, за Мерко, како и за директорите на болницата во Струга, на Неврологија, на градинката „8 Март” и на јавните претпријатија „Водовод и канализација” и „Комунално”. 

ВМРО ДПМНЕ: Дебело се профитира во Скопје за алфалт. Асфалт, зад чии што договори стои потписот на Петере Шилегов. Само со Петре Шилегов во услови на економска криза градежни фирми не се борат за милионски тендери на град Скопје, и работата се зема „од прва“, обвини на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

СДСМ: Објавуваме уште еден документ кој го потврдува големиот скандал со фирмите на Данела Арсовска кои не плаќале струја со години односно не платиле над 54.000 евра! Токму во периодот кога е направен долгот, или слободно може да кажеме кражбата на струја, Данела била управител на оваа компанија, Империал Данела а потоа Империал, изјави за медиумите, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ

Кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов денес изврши увид во градежните работи на реконструкцијата на објектот на Универзална сала каде што одржа прес-конференција за медиумите. До крајот на наредната година очекуваме внатрешноста да биде готова, а надворешноста на Универзална сала би требало целосно да биде завршена за два до три месеци, за чија реконструкција од буџетот, Владата на Република Македонија одвоила 120 милиони денари.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Ана Петровска, и „Зелен хуман град“, денеска преку своите Фејсбук старни ги информираат граќаните како на изборите во недела да го искористат своето гласачко право и својот глас да го дадат за нивните кандидати.

Кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска ги објави осумте столба од нејзината визија за Скопје. Скопје мора да биде град чии врати нема да се затворени за скопјани. Второ, Скопје мора да биде дигитализиран град. Трето, Скопје мора да има многу повеќе зеленило. Четврто, Скопје мора да биде град со среден и функционален сообраќај. Петто, Скопје мора да биде град со многу културни настани и фестивали. Шесто, Скопје мора да ја врати солидарноста и хуманоста и да се посвети на своите граѓани. Седмо, Скопје да биде град на иднината, град на модерни услови за образование и град на квалитетен спорт. И осмо, Скопје мора да биде град за сите”.

Кандидатот за советник во Куманово од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски, денеска одржа прес-конференција, на која потенцираше дека од самиот старт, но и
пред почетокот на изборната кампања оваа иницијатива се соочува со страшни притисоци. Но, ваквите притисоци, закани и местенки кај кумановци не поминуваат, затоа што „граѓаните на Куманово ја гледаат реалната слика која вие сакате да ја промените“.

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „ЧЕ ВРЕДИ“

Водиме позитивна кампања, проектите кои ги нудиме се од сите сфери, различни од другите и бараме да воведеме нормалност во работењето на локалната самоуправа со департизација, порача независниот кандидат за градоначалник на Прилеп, од граѓанската иницијатива „Че вреди“, Жарко Стеваноски. 

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА

Решавање на проблемот со паркинзите и сообраќајниот хаос, центар за култура, иновации и претприемништво, народна кујна за сиромашните, реставрација и реновирање на салата „Партизан”, се дел од проектите кои на граѓаните им ги вети кандидатот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за градоначалник на Општина Чаир, Беким Сали.

ДУИ

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес ги презентира приоритетите за работа во општина Тетово, поточно кандидатката за градоначалник Теута Арифи и Листата на советници предводена од Блерим Османи. Главните цели на Изборната програма на ДУИ за Тетово се составени во постојана консултација со граѓаните и имаат за цел да ја продолжат работата за понатамошен развој на Тетово како чист и зелен град, со регулирана патна инфраструктура, инфраструктура модерно училиште за квалитетно образование, регулирано сообраќај и ефикасна администрација која ќе обезбеди дигитализирани услуги.

МИТИНЗИ 

Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Битола, Новаци и Могила.

Изборни  активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ меѓу граѓаните на Кичево, Врапчиште и Гостивар, каде ќе се обратат претседателот на СДСМ, Зоран Заев и кандидатите за градоначалници.  Во рамки на вториот караван во Струга и Лабуништа, ќе се обрати потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче и кандидатот за градоначалник Димче Шипинкаровски.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово.

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ