• Latest

Различни перспективи, жестоки критики и големи надежи

February 13, 2019

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Различни перспективи, жестоки критики и големи надежи

February 13, 2019 11:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Каде се наоѓа Македонија меѓу надежите и реалноста, како 2018 и 2019 година придонесоа и ќе придонесат кон историските завршници се темите за кои денеска се говореше на конференцијата #Перспективи2019 во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Ние се обидуваме да му дадеме тон на она што го правиме како граѓанско општество и да понудиме решенија за тековните проблеми“, истакна претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на самиот почеток, нагласувајќи ја потребата од ваквата конференција.

Во воведното излагање германскиот амбасадор Томас Герберих истакна дека ова е многу важно време за Македонија, по имплементацијата на Преспанскиот договор и особено по ратификацијата на Протоколот за НАТО во грчкиот Парламент.

Томас Герберих, амбасадор на Германија

„Патот пред вас и нас нема да биде лесен и понекогаш ќе биде болен. А времето тече! Европскиот совет во јуни 2019 ќе одлучи дали ќе започне проширувањето и пристапните преговори, во зависнот од понатамошниот прогрес на реформите. Една работа е јасна! ЕУ перспективите за вас се вистински и повистинити од кога било!“, рече Герберих.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, истакна дека се уште ни е потребно време за да ја изградиме визијата, а надежта не смееме да ја изгубиме затоа што тоа е она што може да не извлече од целата ситуација.

„Северна Македонија конечно го направи вистинскиот чекор“, истакна Царовска, додавајќи дека доколку вистински се сака, може да се постигне сè!

Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика

„Важно е да нема повеќе кршење на човековите права во државните институции“, рече Царовска, нагласувајќи дека социјалната заштита не се само парите. Таа очекува дека сите пратеници заеднички ќе ги изгласаат законите поврзани со социјалната заштита.

Според Царовска перспективата за 2019 година е дека Законот за недискриминација ќе влезе во функција.

„Визијата во социјалната заштита е поставена останува да продолжиме со тоа темпо“, истакна таа.

Професорката Мирјана Најчевска вели дека е нормално да има различни перцепции за она што ни се случува во општеството.

Мирјана Најчевска, професорка

„Имаше многу очекувања по 11 години фашизам дека ќе се случи револуционерна промена. Но се покажа дека корените на проблемите се подлабоки, дека не станува збор за партиско едноумие или партизација на државата. Според мене, во Македонија не постојат политички партии, туку етно племенски кланови. Тие не ја освојуваат власта во државата туку територијата на тој клан. За да покажат дека ја освоиле непријателската територија прво ја бојат во своите бои, а потоа ја делат со своите сојузници. Ова коренспондира со нивото на развој на свеста“, рече Најчевска.

„Нема перспектива се додека не излеземе од нивото на развој на етно племенско уредување!“, децидна е Најчевска, и додаде дека во ова голема улога имаат и странците и дека и тие ќе мора да преземат одговорност.

Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии и финансиски експерт

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, во своето излагање упати критика до Владата за тоа дека 2019 година ја најави како економска година за Македонија, велејќи дека секоја година мора да биде економска. Хајредини зборуваше и за опструкциите на ДУИ во врска со промената на Изборниот законик, за партиските вработувања и случаите на СЈО во кои обвинети се функционерите на оваа партија.

Александар Кржаловски, извршен директор МЦМС, истакна од самиот почеток немал преголеми очекувања, иако себеси се смета за оптимист и дека очекувањата му се усогласени со реалната ситуација.

Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС

„Не треба да очекуваме дека странците ќе ни сменат сè. Тоа треба да тргне од нас самите и ние да ја направиме таа промена“, рече Кржаловски.

„Добро е што се постигна Преспанскиот договор, затоа што ја поминавме таа психолошка бариера, но на нас  сега останува да ги направиме сите реформи и придвижувања кон Европската Унија. Мислам дека во најмала рака треба да искористиме барем на економски план да се придвижат работите и да го спречиме одливот на граѓаните од Македонија“, истакна тој.

Активистката Мерсиха Смаиловиќ зборуваше за протестите во соседна Србија и надежта која ја имаат тие, онака како што ја имала и таа кога се случуваа протестите во Македонија. Таа вели дека иако во последно време се случуваат многу работи кои разочаруваат надежта не смее да згасне, ниту борбата да престане.

Мерсиха Смајловиќ, активистка

„Битно е да не се запира! Тука се пронаоѓам и јас! Не смееме да губиме енергија! Ни треба многу мудрост за да се соочиме со сите проблеми. Тешко е да најдеме реченица за надежите и перспективите, но не смееме да запреме“, децидна е Смаиловиќ.

Програмскиот директор на ЛГБТИ центарот за поддршка, Кочо Андоновски, во своето излагање истакна дека најголемиот проблем е токму она што професорката Најчевска веќе го нагласи, а тоа е клановско племенското однесување. Тој, исто така, смета дека зародишот на многу проблеми во општеството е изборниот модел.

Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ центар за поддршка

„Одговорноста на пратенците оди кон партијата, а не кон народот, затоа што народот гласа за партии. Тоа е погрешно! Не натераа веќе 30 години да живееме во страшни услови на репресија каде се нема почит за ништо, ниту за правда, ниту за права“, вели Андоновски.

Тој зборуваше за потребата од отворени листи на изборите и дека оттука ќе започне да се одмотува клопчето на реформи.

„Кај нас е изместено тежиштето кон каде треба да биде насочена одговорноста“, заклучи тој.

Андоновски смета дека оваа година ќе почнеме да ја имаме на очиглед декларативноста на политичарите, дејците и партиите, а како пример го наведе блокирањето на Законот против дискриминација од страна на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

„Ние конечно како општество ќе треба оваа година да ја надминеме паниката и стравот од дефинитивноста на нашиот став“, додавајќи дека ние 30 години се обидуваме да се дефинираме себеси.

Поранешниот лидер на ПДП, Фатон Алити, смета дека нашиот предизвик е во тоа што не се спроведуваат реформите.

„Ние подобро ќе се разбереме ако седнеме и си ги признаеме нашите грешки, во смисла на тоа дека треба да созреат услови за поискрено да ги довериме нашите грижи околу тоа што ја создава недовербата кај луѓето“, вели Алити.

Фатон Алити, поранешен лидер на ПДП

Во контекст на меѓуетничките односи Алити преку личен пример од секојдневието зборуваше за недовербата меѓу луѓето од различни етнички заедници, и нагласи дека мора да се работи на враќањето на довербата.

„Ние требаше да почнеме со овој пристап од 1991 година. Мора да ја разбереме позицијата на сограѓанинот“, додаде тој.

„Само така, на тој начин, општеството ќе биде спремно за големото европско семејство. И секако дека тие коишто влијаат во креирањето на јавното мислење имаат најголема одговорност. Не е коректно, националните стремежи на една група да бидат во функција на исполнување само на други национални стремежи. Мора да изнајдеме начин за содејствување едни со други“, заклучи Алити.

Биљана Јордановска од ЦИВИЛ зборуваше за она што нè очекува во 2019, за екологијата, социјалната правда и претстојните претседателски избори.

Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

„Сведоци сме со какви еколошки проблеми се соочувавме до сега. Покрај сите владини мерки во изминатите години ние се уште се соочуваме со недоволно развиена еколошка свест“, истакна Јордановска.

За социјалната правда Јордановска смета дека таа се поврзува со кршењето на работничките права, невработеноста или превработеноста во некои сектори. Таа смета дека во тој контекст и кампањата за претседателски избори повторно ќе се решаваат локални проблеми.

Јордановска зборуваше и за низа аспекти коишто сè уште не се регулирани за да можеме конечно да имаме фер и демократски избори, како Избирачкиот список, кршењето на правото на глас, корупцијата итн.

Дехран Муратов од ЦИВИЛ пак, смета дека претседателските избори ќе личат повеќе на некаков обид за попис на населението, а не избор на најсоодветната личност за институцијата претседател на држава, притоа повторно делејќи ги граѓаните по национална основа.

Дехран Муратов, ЦИВИЛ

„За жал национализмот во последниот период забрзано расте“, вели Муратов.

Тој смета дека медиумите имаат голема одговорност за тоа во кој правец ќе оди државата. Но и дека има и здруженија на граѓани и граѓански организации, но и политичари коишто за жал придонесуваат кон овие проблеми.

„Мојот говор нема да биде пренесен никаде, но да беше сега Амди Бајрам на моето место сите ќе беа тука, затоа што тој е смешен и тој е „кока-кола“. Луѓе тој нема направено ништо за Ромите во Македонија! Имавме три пати промена на министер без ресор којшто е безгласен, и не знаеме како изгледа тој човек, кој треба да работи за состојбите со Ромите. Младите бегаат од државата затоа што квалитетен кадар не се вработува таму каде што треба, туку се вработуваат членови на семејствата на фукционерите. Па и со транспарентноста се претера! Доста ги гледаме нивните грешки!“, рече Муратов.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, рече дека наспроти надворешната политика, дома имаме малку причини за радување и честитање.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ

„Имавме интересен начин на избирање на ДКСК. Некои нови модалитети во Законот за спречување на корупцијата. Но тука би застанал со комплиментите затоа што сметам дека законот сè уште има сериозни недостатоци“, истакна Дерала.

Тој додаде дека во борбата против корупцијата треба да се вклучат што повеќе ентитети, организации и индивидуи, но и дека најодговорни за тоа се сепак институциите, затоа што нашите институции се крајно корумпирани.

За концептот едно општество за сите, Дерала смета дека токму овој концепт може Македонија да ја извлече на врвот во регионот, како пример за тоа како едно општество треба да функционира, но и дека капацитетите на оние кои треба да ги спроведат овие концепти не се на најзавидно ниво.

„На крајот на краиштата овој концепт го видовме како функционира за време на Шарената револуција и низа други протести изминатите години. Ние не можеме да прифатиме да имаме концепти кои не враќаат назад, а претходно да сме имале одлични искуства во таа смисла“, истакна Дерала.

Тој ја истакна работата на Министерството за труд и социјална политика како една од најсветлите точки во внатрешната политика. „Секој добар пример покажува дека се може, но не се прави“, заклучи Дерала.

Маја Ивановска
фотографија: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share45Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ