• Latest

Започна со работа консултативната група за реформи во системот за предучилишно згрижување и воспитание на децата

January 22, 2021

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Започна со работа консултативната група за реформи во системот за предучилишно згрижување и воспитание на децата

January 22, 2021 13:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Консултативната работна група, формирана да го надгледува процесот и да дава предлози за подобрување на пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој, особено за децата од социјално загрозени средини, го одржа својот прв состанок, кој поради превенција и заштита од Ковид-19 се одржа онлајн“, соопштува Министерството за труд и социјална политика.

Оваа консултативна група ја сочинуваат претставници на Министерството за труд и социјална политика, на други релевантни министерства, државни и меѓународни институции, на академската заедница, на вработените во предучилишните установи во земјата, како и претставници од невладиниот сектор.

„Покрај тоа што работиме на зголемување на капацитетите за сместување на деца во предучилишни установи, интензивно работиме и на зголемување на квалитетот на кадарот кој што е задолжен за грижа за дечињата. Инициравме активности за воспоставување на систем за професионален развој и напредување во кариерата на практичарите од предучилишно образование и грижа“, рече Шахпаска.

Таа посочи дека во  фаза на реализација е и  проектот преку ИПА – 2017   ‘’ Raising the quality of pre-school education and care” , чија главна цел е подобрување и подигнување на  квалитетот на предучилишното воспитание и образование.

Активностите предвидени со проектот се структурирани во 3 компоненти:

• Модернизација на професионален и кариерен развој на вработените во предучилишните установи

• Ревизија на моделот на (ре) лиценцирање на вработените во предучилишните установи

• Зајакнување на вклученоста на родителите во предучилишното образование и грижа, особено за децата во ризик.

На состанокот, соопштуваат од министерството, покрај тоа што беа презентирани предвидените активности за зајакнување на системот за обука на наставниците во системот на предучилишно згрижување и воспитание, беше претставен и еден од светски признатите модели, алатки и инструменти за мерење на квалитетот и резултатите од раното учење.

Проширување на пристапот до квалитетни услуги за децата до шест годишна возраст низ целата земја, со посебен акцент на децата од ранливите групи и децата со попреченост, како и подобрување на квалитетот на услугите за згрижување и воспитание на децата е основната цел на втората компонента од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка.

„Една од најмудрите работи кои земјата треба да ги направи за да обезбеди еднаквост и долгорочен просперитет за сите граѓани е да инвестира во раното детско образование. Светска банка, во соработка со Владата и партнерите работи на имплементација на политики и програми за зголемување на  пристапот до квалитетно рано образование за децата со цел да се обезбедат развојните потреби за сите деца. Проектот е дизајниран да креира опкружување кое ќе ги поттикнува вештините за успех во училиште и во текот на животот,“ истакна Бојана Нацева, виш експерт за образование.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ