Пред неколку минути започна средбата меѓу премиерот Зоран Заев и неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Клубот на пратеници.
На денешната средба треба да се разговара за консензуалниот кандидат за председател на држава со кој ќе настапуваат заедно коалициските партнери. Неофицијално Ахмети ќе даде свое мислење за номинираните кандидати од редовите на СДСМ.
Ахмети на оваа средба е придружен од двата секретара од партијата, генералниот Атила Реџепи и организацискиот секретар Артан Груби. Заев дојде во придружба со Кирацовски.
А. Зеќири