Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, почна Парадата на Гордоста -Скопје прајд 2022 во Скопје, во организација на националната мрежа против хомофобија и трансфобија . Неколку илјади луѓе се собраа во паркот „Жена-борец“ во Скопје од каде ќе започне третата по ред скопска парада на гордоста.
Непоимливо е во 21 век сè уште да сме сведоци на дискриминација само затоа што некој го живее животот според сопствена определба – сите ние сме луѓе и плаќаме еднакви даноци и имаме еднакви обврски, ред е да уживаме и еднакви прави во ова општество, порачаа учесниците на парадата попладнево од пред платото во паркот „Жена-борец“ во Скопје, по што, во 19 часот започна Парадата на Гордоста по скопските улици.
Меѓу учесниците на парадата на „Скопје прајд“ има повеќе јавни личност, министри, амбасадори, претставници на НВО, а забележливо е и големо присуство на полицијата, но и на приватно обезбедување.
Засега,собирот се одвива мирно и достоинствено.
Прадвидено е Парадата да продолжи со културно уметничка програма на Стадионот на АРМ, која ќе ја отвори овогодишната македонска Евровизискапретставничка, Андреа Коевска.
Според најавите на стадионот на АРМ ќе настапи и оперската пејачка Наде Талевска, дрег кралици од земјава и од регионот, како и диџеите Андреј Мицајков, Јана Тодоровска, Мартина Пенева и Џинџер.
М.Д.