поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Заслугата на главниот политички преговарач и шеф на нашата делегацијата за преговори со ЕУ е што дури вчера, нам и на тие од ЕУ ни соопшти дека, ако одлуката за отпочнување на преговорите не биде донесена во март, тоа би било најголемото можно мешање во изборите.
Нашиот преговарач уште додава дека за време на овој мандат, преземавме политички ризик, со тоа што, освен што ги решивме споровите со соседите, ги спроведовме и реформите во правосудството (во разумен рок e oсуден Ел Чека) и во државната администрација (намален е бројот на вработените) и ја интензивиравме борбата против криминалот и корупцијата, кои и не се услов за добивање на датумот.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.