• Latest

Застарени предмети, бавна правда – зошто судските случаи се влечат низ лавиринтите?

June 3, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Застарени предмети, бавна правда – зошто судските случаи се влечат низ лавиринтите?

Темата за застарување на судските предмети, со кои им се овозможува на сторителите на кривични или прекршочни дела да не одговораат и да не сносат последици, најмногу се разгоре кога ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, успеа да „куртули“ – минатиот месец застаре случајот „Титаник 2“

June 3, 2023 15:18
in АНАЛИЗИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

МЕРИ ЈОРДАНОВСКА

Во 2006 година МВР објави снимки од носењето на осомничените пред судот во случајот што Обвинителството го нарече „Армиско оружје“. Поминаа 17 години од тој настан и по многу правосудна ентропија, сè уште нема конечна пресуда. И тоа не е изолиран случај. Иста е приказната со случајот „Арсенал“ од 2014 година, кој се однесува на сервисирањето на партиските хеликоптери. Предметот уште е во фаза на судење. Предметот „Маѓар телеком“ во кој унгарски директори на Македонски телеком беа осомничени за поткуп на наши политичари, во судот влезе во 2011 година, а првостепената пресуда беше донесена дури годинава.

Вакви слични примери има доволно за да го потврдат впечатокот дека или обвинението е со фабричка грешка, или пак постојат други мотиви за одолговлекување или застарување на судските пресуди. Особен интерес во јавноста предизвикуваат предметите кои се претежно високопрофилни случаи, каде што обвинети и осомничени се политичари или функционери, особено кога тие ќе застарат или пак кога судските процеси се влечат долго.

„Мета.мк“ вчера објави дека во просек, 1000 судски предмети застарувале на годишно ниво во сите судови во земјава, од 2018 до 2022 година.

ПО РЕЧИСИ 1.000 СУДСКИ ПРЕДМЕТИ ГОДИШНО ЗАСТАРУВААТ, СТОРИТЕЛИТЕ НЕ ОДГОВАРААТ [ИНФОГРАФИК]

„Кога станува збор за застарувањето на предметите, има објективни и субјективни причини. Објективните се поврзани со малите пропишани казни кои го органичуваат времето во кое некој обвинет може кривично да одговара. Но, тоа пак е поврзано со респонзивноста на полицијата и обвинителството брзо да реагираат, за да не застарат делата. Имало многу случаи кога обвинителството отвора предмети по неколку години од кривично-правниот настан. Понекогаш во судовите приситигнуваат обвиенија кои се речиси застарени, па дополнително додека да се донесе првостепена пресуда, па правосилна пресуда, предметот застарува. И самото Обвинителство многу ретко повлекува обвинение кога речиси е извесно дека од доказите не им се потврдиле сомнежите. Тоа ја развлекува постапката и само се билдаат судски трошоци“, вели за Мета.мк, новинарот Васко Маглешов, претседател на Судско-медиумскиот совет.

Васко Маглешов / Фото: Лична архива

Од друга страна, пак, како што вели тој, со предметите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, исто така јавноста беше сведок на различна брзина на постапување.

„На пример во предметот „Тенк“ пресудата беше донесена за една година, додека за други предмети како „Тотал“ на пример, нема ниту првостепена пресуда шест години откако предметот е влезен во судот. Таму се сменија неколку судии и предметот почнуваше одново. Во поглед на субјективните причини, тука во игра се повеќе фактори како фреквентноста на закажување на рочишта, до динамиката на самите судења, до тактиките на бранителите…“, вели Маглешов.

Првото нешто што прави или пак треба да прави судот по службена должност е да провери дали е навистина надлежен за еден предмет и потоа, кога настапува застареност на кривичното гонење. Оттука, уште од самиот почеток на судењето судот знае кога точно настапува застареност на кривичното гонење.

„На пример, во предметот „Траекторија“, за експремиерот Никола Груевски застапи апсолутна застареност на кривичното гонење. Судијата што порано го водеше случајот закажуваше во просек по две рочишта во месецот кои почнуваа од 10 часот и траеја најмногу до 15 часот. Се случуваше понекогаш рочиштата да бидат одложени поради отсуства на странките и тоа беше доволно време за наместо пресуда да добиеме застарен предмет.Застареноста на делата имаат огромно влијание врз сликата за правосудството, бидејќи ја поткопуваат довербата на граѓаните во чие име се донесува секоја пресуда“, вели Маглешов.

За застарувањето на предметите има и објективни и субјективни причини

Застарувањето на судските предмети не секогаш е резултат на директна злоупотреба, објаснува за Мета.мк адвокатката Сузана Јошева Анастасовска и додава дека постојат навистина бројни фактори кои немаат директна вина кај никого, а сепак предметот застарува.

Сузана Јошевска – Анастасовска / Фото: Лична архива

„Постојаните технички предизвици со кои се соочуваат обвинителствата и судовите во смисла на технички кадар, опрема, простор и материјали се директно поврзани со некои од објективните причини за застареност на предметите. Иако состојбите имаат некаков благ и спор тренд на подобрување и иако странски држави навистина вложуваат во правосудните капацитети, сето тоа се чини како да е недоволно за да може да функционираат ажурно и навремено. Секако, важна објективна причина е и непополнетоста на местата на судии и обвинители согласно нивните систематизации“, вели таа.

Според Јошевска-Анастасовска, раното откривање и детекција на кривичните дела, особено оние од висока корупција не е за занемарување, па тоа претпоставува исто така вклученост на повеќе органи кои треба да постапуваат- МВР, Управата за финансиска полиција, УЈП и сл., потоа улога имаат и вештаците, а тука се и супервештачењата, кои ги изработуваат институции, па предметите заглавуваат и по повеќе од една година.

„Неправедно е да е сведе најголемата одговорност кај судовите со оглед на тоа дека додека предметот стигне до судот можно е веќе да е поминато повеќе од половина од времето потребно за застареност и некои протоци на време навистина не зависат од судот. Но, потребно е и судовите да постапуваат поодговорно кога постојат опасности од застарување преку алатките кои ги имаат на располагање, како на пример закажување повеќе главни расправи одеднаш и во побрзи рокови и недозволување странките да ги злоупотребат правата кои им ги дава законот со постојани одлагања, кои не се проверени и за кои не се бараат конкретни докази, редовно ургирање за побрзо постапување доколку предметот е надвор од судот или се бара некој орган да постапи“, вели Јошевска – Анастасовска.

Освен тоа, слаба „карика“ се и судиите-поротници кои преку предметите од јавен интерес се покажало дека можат да допринесат за одлагањата, исто како и постојаното прераспоредување на судиите од одделение во одделение, што исто така значи одлагање и почнување на процесот одново.

Темата за застарување на судските предмети, со кои им се овозможува на сторителите на кривични или прекршочни дела да не одговораат и да не сносат последици, најмногу се разгоре кога ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, успеа да „куртули“ – минатиот месец застаре случајот „Титаник 2“, кој се однесуваше на договарање за гласање за приговори во корист на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година во Струмица.

До застарување дојде откако поминаа речиси пет години од првото одржано рочиште.

Во скопскиот Апелациски суд од 2018 година до март годинава застареле пет предмети за загрозување на безбедноста на сообраќајот, три предмети за фалсификување исправа, два за кражби и по еден за даночно затајување, измама и употреба на исправа со невистинита содржина.

Во Основниот кривичен суд лани застареле 16 предмети, а до крајот на март годинава уште четири. Меѓу нив е и предметот за ексдиректорот на Царинската управа Драган Даравелски осуден за злоупотреба на службената положба. Даравелски по долги години во бегство самиот се појави во земјава и беше уапсен, но Кривичниот суд немаше друга можност освен да донесе решение со кое го запира кривичниот прогон.

Извор: Мета.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: застарени случаисудство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ