• Latest

Затворањето на балканската рута го зголеми криумчарењето на луѓе

November 23, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Затворањето на балканската рута го зголеми криумчарењето на луѓе

November 23, 2017 14:07
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Бегалците што пристигнуваат во Табановце најчесто се поврзуваат со криумчарски групи за да најдат илегален излез од територијата на Македонија. МВР треба да ги мониторира оние подрачја каде што има информации дека циркулираат криумчарски групи со цел да се следи што се случува со тие луѓе“, истакна директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, на денешната тркалезна маса „Бегалската криза во Македонија, моментална состојба, предизвици и идни чекори“.
„Постојано апелираме на тоа дека луѓето ги снемува од камповите и добивме одговор дека МВР ќе презема повеќе мерки со цел да го следи движењето на бегалците кои од Табановце се движат кон околните села, бидејќи најчесто тие секогаш стануваат жртви на секаков вид злоупотреби, меѓу кои е и трговијата со луѓе“, вели таа.

Пировска посочи дека Хелсиншкиот комитет од самиот почеток на бегалската криза е вклучен со свои активности, со тимови во камповите во Гевгелија и во Табановце, каде што во моментов има околу 20 бегалци.

„Македонија треба да биде свесна дека може повторно да се случи ескалација со бегалската криза, се соочивме со невидена ескалација во ситуација кога немаше никакви услови во државата за тие да бидат заштитени и да им се овозможи соодветен престој. Во моментов имаме кампови кои се во многу подобра состојба од тие во Грција“, вели Пировска.

Претставникот на УНХЦР во Македонија Даг Сигурдсон, истакна дека во 2017 година се забележани 14.200 илегални преминувања низ земјава, што во просек е 50 луѓе дневно.

„Сега за разлика од пред две години, карактеристично е што станува збор за друг профил на бегалци, односно 19 проценти се мажи сами, без семејство, кои сами не можат да ја преминат границата и користат други начини најчесто преку криумчарски канали“, вели тој.

Сигурдсон посочи дека во Македонија досега има поднесено 130 барања за азил, но барателите на азил најчесто исчезнуваат од земјата, пред да им биде одговорено на нивното барање. Тој вели дека не може да се регистрира секое лице кое поминува низ земјава, токму поради тие илегални групи на криумчари на луѓе, и оттука произлегува проблемот што тие луѓе најчесто завршуваат како жртви на тргогвијата со луѓе.

Проектот „Помош на рутата – обезбедување заштита на човековите права на мигрантите кои поминуваат низ Македонија и Србија“, е поддржан од ЕУ, а имплементиран во соработка со Фондацијата Ана и Владе Дивац- Србија, Новосадски Хуманитарен Центар и Arbeiter-Samariter Bund Deutschland (ASB).


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: криумчарењеМВРмигрантиУНХЦРУранија Пировска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result