• Latest

Затворени моловите, кафитериите, обложувалниците – апел до младите да останат дома

March 16, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Затворени моловите, кафитериите, обложувалниците – апел до младите да останат дома

March 16, 2020 08:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нема нови случаи на заболени од коронавирус во земјава. Резултатите на седумте лица кои вчера беа тестиранин се негативни. Тринаесетте пациенти кои се сместени на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба. Пациентката од Дебар која е на респираторна машина има значајно подобрување на параметрите по приклучувањето на механичката вентилација, но со сѐ уште непредвидлива прогноза. Сите други пациенти се со лесна клиничка слика, вклучувајќи го и 15 годишниот пациент. Првозаболената пациентка денеска ќе биде отпуштена од болница на домашно лекување.

Во меѓувреме се спроведуваат мерките и препораките за справување со коронавирусот. Целиот здравствен персонал во сите јавно-здравствени установи и приватни болници е мобилизиран и ставен на располагање, доколку е потребно да работат во здравствена установа каде што ќе биде потребно. Приватните болници ги ставија на располагање своите капацитети, вклучително и близу 70 легла за интензивна нега, со респираторни машини за оваа патологија.

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека во државава има 120 респиратори, најголемиот број – близу 90 се во Скопје. Се одложуваат сите хронични пациенти кај кои интервенцијата може да се пролонгира. Се третираат само итните и малигните случаи кај кои исто така нема простор за одложување. Детската болница во Козле од денеска ќе прима деца кои ќе бидат евентуално заболени од коронавирус. Сегашните хоспитализирани пациенти во текот на денов ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за детски болести, со цел децата да бидат изолирани од возрасните.

Кризната состојба и воведените мерки во општините Дебар и Центар Жупа од каде што се најголемиот број заболени лица, засега се спроведуваат без проблеми. Безбедносната состојба е стабилна, нема регистрирано собирања на јавни места или нарушувања на јавниот ред и мир. Влезот е дозволен само за локалните жители, а строго е забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблем се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и другите потреби за граѓаните.

Се препорачува граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат препораките на надлежните, да останат дома, движењето да го сведат на минимум, освен за неопходните потреби.

Мобилните оператори преку СМС пораки ќе ги известуваат граѓаните за состојбата и актуелностите со коронавирусот.

Од денеска нема да работат продавниците во затворените молови, освен маркетите, аптеките и продавниците за храна. Отворените трговски центри ќе работат вообичаено.

Нема да работат кафетериите, баровите, клубовите, казината и обложувалниците. Рестораните и сите други продавници кои произведуваат храна, вклучително и рестораните во хотелите, пак, остануваат отворени, но без гости. Може да прават достава, да примаат нарачки по телефон или да вршат директна достава преку некаква форма на штанд или шалтер.

Надлежните апелираат до сите, особено до младите, да останат дома, да ги почитуваат мерките, и да ги следат информациите на институциите, а не лажните вести кои шират страв и паника околу коронавирусот.

Состојбата со заболени лица од коронавирусот во земјава може да се следи на апликацијата https://gdi-sk.maps.arcgis.com на која се приложени информации за број на пациенти по локација, возраст, дата на дијагностицирање со вирусот како и начин на заразување.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ