Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска остварија прва средба по предвремените парламентарни избори, што се одржаа на 11-ти декември минатата година. СДСМ во соопштението објавено на веб-страницата најавува продолжување на лидерските средби.
„На средбата начелно се разговараше за позициите на двете страни, коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања. Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста навреме ќе биде информирана“, кратко соопштија од СДСМ.