• Latest

Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

August 2, 2017

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

August 2, 2017 11:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Утрово, во 8 часот започна прославата на Илинден, 114-годинишната од Илинденското востание и 73 -годишнината од Првото заседание на АСНОМ. Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов положија цвеќе и се поклонија на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

На свеченоста, пред високата бугарска државна делегација, дипломатскиот кор во земјата и присутните гости,се обрати премиерот Заев, кој на граѓанките и граѓаните на Република Македонија им ги честиташе двата Илиндена.

„Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме!“, порача премиерот Заев и повика на „помирување на минатото и сегашноста, заради иднината“.

Извор: Влада на Република Македонија

 

„Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евро-атлантската иднина на Република Македонија којашто води до квалитетен живот. Го послушавме Делчев. Тој рече: ‘Нека не се губи времето!’. И се здруживме, ги подадовме рацете меѓу нас и создадовме пат кон развојот. За развој се потребни доброволно подадени раце на граѓани и народи кои се потпираат и поддржуваат и така заеднички чекорат стабилно напред“, порача меѓу другото, премиерот Заев.

Со овој заеднички чекор на двата премиера, завршува дводневната посета на Борисов и бугарската делегација на Македонија, која во дел од македонскатаи од бугарската јавност беше оценета како пресвртница во меѓусебните односи.

Вчера, Заев и Борисов го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, кој според Заев е историски чекор за Македонија. Тој вчера ги повика опозициониот лидер Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на Договорот.

Лајтмотивот на сите чествувања по повод Илинден  е „Наша Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо – прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот“, кој е инспириран од Крушевскиот манифест.

 

Tags: АСНОМ; Илинденско востаниеБорисовГоце ДелчевГруевскиЗаевИлинденпоклонениепресвртницаСвети Спас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ