CivilFest
Categories

ВЛАДА Заев: Прво проширување на парламентарното мнозинство, па реконструкцијата на Владата

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е се уште рано да се зборува за реконструкција на Владата и оти прво треба да бидат завршени разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство.

– Не сме дошле до таму. Јас реков дека до крајот на месецов ќе разговараме за зголемување на парламентарното мнозинство. Ред е прво да видиме за колку ќе порасне и ако порасне тоа парламентарно мозинство. Согласно тоа како следна фаза би биле комбинитариките околу кадровските и персоналните решенија. Навистина се уште е рано за тоа, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршување на денешното рочиште за „Поткуп“.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email