• Latest

Заев-Суомалаинен: Да се искористи позитивниот моментум за напредок на Македонија

April 4, 2018
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев-Суомалаинен: Да се искористи позитивниот моментум за напредок на Македонија

April 4, 2018 14:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформските усогласувања во различните области согласно извештаите на ОБСЕ, актуелната политичка ситуација и интеграциските перспективи биле теми на денешната средба на премиерот Зоран Заев и Нина Суомалаинен, амбасадорка на ОБСЕ во заминување, поради завршувањето на нејзиниот мандат во Македонија.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, заеднички било заклучено дека реформите и добрососедските политики со пријателски и конструктивен дух се голем придонес во напредокот на државата и дека овој позитивен моментум треба да се искористи за понатамошни исчекори.

Премиерот Заев информирал дека реформите во изборното законодавство се прават согласно забелешките во извештаите на ОБСЕ, како и дека реформите во медиумите се во насока на отворање простор за истражувачко новинарство, за јасен критицизам и за слобода на говор. Појаснил и дека се работи и на реформи на професионализација на јавната администрација и на градење капацитети на институциите согласно потребите на граѓаните.

На средбата биле поздравени реформските политики на Владата, со акцент на потребната заштита на безбедноста на новинарите, како и реформите во полицијата.

– Работиме на заокружување на реформскиот процес, важен за ЕУ и НАТО, но и за квалитетот на живот на граѓаните, низ инклузивни политики. Работиме и на развој на добрососедските односи и на затворање на билатералните прашања што стојат на евро-атлантскиот пат на Македонија. Градиме општество со еднакви права и шанси за сите. На меѓународен план сме позиционирани на страната на мирот, против тероризмот и насилниот екстремизам. Очекувам позитивен период за Република Македонија, датум за почеток на преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО, рекол Заев.

Амбасадорката на ОБСЕ истакнала дека организацијата останува поддржувач на демократските процеси во Македонија и отворена за сите експертски потреби на земјата и граѓаните.

Премиерот Заев, се заблагодарил за пријателската и принципиелна поддршка што ја има Република Македонија од страна на мисијата на ОБСЕ, но особено за личниот ангажман, вложените напори и енергија, на амбасадорката Суомалаинен за време на нејзиниот мандат.

[divide]

извор: МИА

Tags: Македонијанапредок
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ