• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Зависна независност

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Антонио Кошта со честитка за Денот на независноста: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Најмалку 5 лица убиени во терористички напад врз автобуска станица во Ерусалим

September 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп тврди дека е подготвен за „втора фаза“ од санкциите против Русија, ќе разговара со Путин „многу наскоро“

September 8, 2025

Уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи, крајниот рок е 15 септември

September 8, 2025
Фото: МНР на Украина/ Х

Честитки од МНР на Украина по повод Денот на независноста

September 8, 2025
Војо Маневски

Зошто се злоупотребуваат тајните служби?

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео

Одбележување на 34-годишнината на Денот на независноста – „Од сон до реалност, за вечност“

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Израелскиот врховен суд пресуди: Палестинските затвореници не добиваат соодветна храна

September 8, 2025

Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

September 8, 2025

Владата ја пушти „втората рата“ од 17 километри од делницата Кичево – Охрид

September 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зависна независност

Честита и вековите да ние е независноста! Да живее слободна, суверена и независна Македонија!

September 8, 2025 09:57
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ

Со овие зборови пред 34 години тргнавме во независност, за прв пат во својата историја, особено онаа на новиот век, Македонија стана независна држава. Се откачивме од Белград како тутор. А навистина ли се откачивме од Белград?

Во реалност не се откачивме. Посебно во однос на политичката, безбедносната и културната зависност. Затоа ние прославуваме во зависност или божем независност и по 34 години формална независност. Затоа сѐ уште сме неизградена држава. Впрочем, имавме изградена држава во 1991 година кога физички се одделивме од Белград, но ние со своето однесување, а под влијание на структурите од Белград и нашите политиканти кои денес, 34 години подоцна, јавно ја покажуваат својата приврзаност кон Белград и српскиот свет, ја урнавме изградената држава. Така влеговме во поголема зависност од Белград отколку што тоа беше за цели 45 години од 1944 година до 1991 година.

Станувајќи формално независни, денес можеме да ја видиме на дело таа формалност во разликата помеѓу Македонија и Словенија. Зошто токму споредба со Словенија? Затоа што во 1991 година според Бадинтер (во кој денес се колнат мнозина политиканти) само Македонија и Словенија ги исполнуваа условите за независност. Не само политичко-правните услови за меѓународно признавање туку и општествено-економските услови беа на страна на Македонија. Институциите функционираа исто како и во Словенија и на истиот принцип.

Но Словенците покажаа дека сакаат држава со сите нишани и активно ги решаваа проблемите со кои се соочуваа согласно условите и можностите, но со јасна цел да бидат дел од НАТО и ЕУ. Така ги решаваа и решија сите спорни прашања со Италија и Австрија, ги признаа малцинските права согласно европските вредности и копенхагенските критериуми и ги реализираа сите услови за да станат полноправен член на НАТО и ЕУ. Сега со полна сила ги користат бенефитите од тоа членство. Дури се и една од водечките држави во ЕУ. Секако дека имаат проблеми, секако дека општествено-политичките и економските прашања се динамични и зависат од многу фактори, но за нив не се драматични како за нас сите овие 34 години зависност. За нас се драматични како што Белград тоа ќе го диктира, односно колку што Белград 34 години продуцира драматичност и конфликтност на Балканот. Македонија не сака да стабилен и демократски партнер на државите од ЕУ со кои ќе се поврзе и чии искуства и совети ќе ги прифати. На нашите политиканти партнер им е Вучиќ и помалку или повеќе и Орбан, иако е црна овца во ЕУ.

Нефункционирањето на институциите на државата се гледа и на наједноставни показатели. Тоа е демократското право на свое мислење. Ете тоа е политичко-културолошката матрица на Белград, или што би рекле, на УДБ-а. Како е возможно во Словенија членка на НАТО и ЕУ свои различни ставови во однос на некои политички прашања да имаат премиерот и претседателот на државата. Тие различности јавно да ги говорат пред словенечката и светската јавност, а при тоа да нема конфликт до оспорување и политички жртви или не дај Боже општествен конфликт. Тоа е демократско однесување и секако во рамките на надлежностите на секоја од институциите.

Кај нас во Македонија, особено во ВМРО-ДПМНЕ, доколку се спротивставиш на политикантството на Мицкоски, веднаш си еретик и изопштен од партијата, маргинализиран и со јасна тенденција за исклучување од општествениот живот. Па што е тоа ако не е тоталитаристичка матрица наследена, копирана како политичка прагма и зависна од Белград и Вучиќ и тоа не само како политика, туку како модел на владеење.

И така доаѓаме до нашата македонска зависност која ние ја викаме независност.

Најпрво, како Македонци, како нација, а на прво место како македонски народ, го немаме чувството за одговорност кон самите себе, кон нашата држава. Македонија е наша држава и немаме друга. Таа е аманет на претходните генерации кои се бореле за нејзината независност (без разлика на нивното етничко потекло, тие се Македонци) и залог за идните генерации (повторно без разлика на нивното етничко потекло, бидејќи се родени во Македонија и се Македонци), а кои треба да наследат уредена и вистински независна држава.

За тоа да биде така, на прво место е личната одговорност кон општеството, кон негова изградба во сите општествени аспекти за нормален и уреден живот. Одговорност помеѓу себе, или хуманизација на општеството и одговорност кон животната средина во која живееме. Едноставно не е прифатливо Аеродром да се труе со денови од загаден воздух од Вардариште, а државата да не реагира експресно. Дури и протестите на граѓаните политикантските божем лидери се обидуваат преку ботовската партиска структура да ги компромитираат и уништат. Секако, во предизборие сме и тоа токму во предизборие за локални избори, а Вардариште е прашање за општините Аеродром и Гази Баба чии градоначалници се токму од нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Секако ним, на градоначалниците поважно им е да се сликаат на наместени настани и да прават празен ПР отколку нешто конкретно и корисно да сторат за граѓаните, особено за нивното здравје. И доколку некој нешто им спомене во врска со ова енормно загадување кое носи и болести и тоа конкретни кај граѓаните на Аеродром (само што кај нас одамна нема реална слика за јавното здравје) или пак се побара итна и остра реакција на институциите (каде што Меџити е министер) или обвинителството да преземе конкретни мерки, тогаш тоа е политички антипартиски чекор. Е, до кога бе така сопартијци? Кога сме на власт може сѐ, кога сме во опозиција ќе се буниме за сѐ. Тоа труењето од нашите помалку боли или не е толку труење?

Токму овој недостаток од демократија, одговорност и совесност нѐ прави да не сме независна држава. Таа демократија започнува во партиските структури. Всушност, по дефиниција, напоменувам, по дефиниција, партиите се креатори и најзадолжени за создавање на демократски амбиент за функционирање на државата и заштита на нејзините граѓани. На сите граѓани, не на поединци кои се на чело на политичките партии.

Оттука не е јасно зошто и по чија пријава, обвинителството влегува во АНБ за истражување на некаква си афера со прислушкување – следење или не знам што. Каде се инструментите на демократска контрола на работата на безбедносните служби кои намерно никогаш политикантите на власт, ниту нашите, ниту оние од СДС не ги воспоставија и го комплицираа спроведувањето на Законите? Дали обвинителството ќе постапи и во врска со фалсификатите на божем директорот на АНБ? Сепак, фалсификат е фалсификат на било кој документ со кој против правно се остварува некаква корист, а во овој случај ќе имаат поприлично работа. Ова е одлична можност за обвинителството онака независно да побара и по закон да мора да му бидат достапни сите документи, како во врска со конкретниот случај на следење, така и во врска со прашањата во врска со фалсификатите и образованието на актуелниот директор, бидејќи јавноста е заинтересирана за овие прашања и со право, а и мора да знае. Ние ги плаќаме институциите, а во тој контекст и АНБ. Дали обвинителството на крајот ќе ги објави резултатите од истрагата за наводното следење и оперативна обработка на Мицкоски и други лица и во кој контекст била таа? Дали тие факти и докази ќе предизвикаат отворање на друг обвинително-судски предмет или се ќе заврши на едноставната приказна за замајување на јавноста пред избори?

Е сега драги мој сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ, кога сме кај замајувањето, не само на јавноста, туку уште повеќе на вас како партиски членови, а во контекст на демократијата во партијата и основата за постоењето на Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, сакам да ве информирам за некои внатрепартиски случувања за кои со сигурност не сте информирани. Едно што не сакате да читате, барем јавно достапни партиски документи, второ да анализирате случувања, постапки и изјави и трето, затоа што имате поданички ментален склоп и се туркате со останатите сопартијци за да остварите определена своја лична цел при што сопствените сопартијци ги доживувате како поголема закана од било кој. И сето тоа е така затоа што по изминатите 34 години зависност се навикнавте дека за сенешто ви требаат врски поради што институциите ги дерогиравме, а го промовиравме неквалитетот кој создаде спирала на неквалитет која нѐ однесе во амбис како држава, како македонска нација и како македонски народ.

Што се случува во партијата, а што ви поминува без да го забележите? Додека вие низ оговарачко-интригантските кулоари на партијата поттикнати од Мицкоски расправате за тоа дали на следниот партиски конгрес во декември или малку подоцна, Николоски и Муцунски ќе се кандидираат за претседатели на партијата, притоа измислувајќи разни фантазмагории за нивно делување, можам да ви кажам: Ниту Николоски, ниту Муцунски, ниту било кој друг нема да се кандидира како противкандидат на Мицкоски. Не затоа што не сакаат. Тие имаат желба и тоа огромна. Туку затоа што немаат храброст да тргнат во таква битка во која ќе ги ризикуваат своите партиски и државни позиции и ќе бидат под удар на Панче (Шија ми га Ѓура) и под следење на фалсификаторот од АНБ и секако оцрнети од партискиот агитпроп и напуштени од членството – клиентелата. Тие многу добро знаат дека со влегување во еден таков процес на отворен судир со Мицкоски за местото претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе можат да ги видат сите нивни гооолеми пријатели околу нив и како сите клиентелисти ќе започнат да ги избегнуваат. А бидејќи се невработливи на друго место како што вели еден мој драг пријател, поранешен министер, тие како и мнозина други клиентелисти во нашата окупирана партија не се воопшто подготвени да се борат за смена на Мицкоски поради што, всушност, се само обични конформисти кои ја користат својата шанса сега и додека можат. И секако, тоа никогаш нема да го направат, затоа што мандатот на Мицкоски никогаш нема да заврши – никогаш или барем во следните десет-петнаесет години. Како што велеше еден друг мој драг пријател и колега професор, сопартиец: „Мандатот на Мицкоски ќе престане кога ќе му здосади“.

А на Мицика, никогаш нема да му здосади и тоа од неколку причини: Прво, затоа што доколку не е претседател на ВМРО-ДПМНЕ како апсолутен владетел врз клиентелата, нема да има што да работи, иако тука ама баш ништо не работи но никој за тоа не бара одговорност од него, а на друго место некој ќе му побара работа и резултати. Второ, затоа што добро знае дека откако нема да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе помине полошо од Никола и Љубчо, а може и беља да го снајде, па и да побегне од Македонија доколку има каде. Трето, затоа што никому не верува освен во семејството му, по принципот од татко на син, тоа е научено знаење и наследено искуство од малечок. Впрочем ја наследи професорската позиција од татко му и јавно кажа дека ќе ја предаде на син му откако во октомври ќе се видат на машински.

Затоа, преку сите овие показатели, очекувам следен претседател на ВМРО-ДПМНЕ да биде Мицкоски II јуниор, за едно десет-петнаесет години, откако ќе го среди на Машински со додипломски, последипломски, докторски студии и ќе му ја предаде катедрата како доцент, ќе ни соопшти преку ФБ: „Сине, се гледаме наскоро во партија при примопредавање на должноста претседател на партијата“.

И не се оваа бладања на мојата маленкост. Прочитајте го јавно објавениот Статут на ВМРО-ДПМНЕ, со посебно внимание на член 24 каде се избришани одредбите за тоа колку мандати има право една личност да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку до пред неколку месеци во Статутот стоеше одредбата за ограничување на три мандати и тоа со поддршка на 2/3 од делегатите со која Мицика се фалеше пред јавноста и странците дека сме најдемократска партија. Сега овој став волшебно исчезна (а никој не знае како тоа исчезна и кога ЦК расправал и на каков предлог на Статутарната комисија која патем ја формира Мицкоски). Така, сега Мицкоски може да биде претседател на партијата бесконечно или доживотно (како Тито). Или уште подобро, може да ја предава партијата во наследство, секако без оставинска постапка на син му (како во Северна Кореја, па нели сме Северна).

Токму затоа, ниту Николоски, ниту Муцунски, ниту било кој од актуелното раководство на партијата нема да се кандидира за претседател на партијата, а не пак некој од делегатите да се осмели да даде свој потпис за друг кандидат освен Мицкоски. И се останато е во рамките на интриги што би рекол еден наш познат новинар, Мицкоски е креатор на интриги и е опкружен со такви луѓе. Во такви услови ВМРО-ДПМНЕ по губење на власта ќе биде руина која заради лични интереси (впрочем како и сега) ќе ја држи Мицкоски како наследно кнежевство. Затоа и влегуваме во видлива авторитарност и на државно ниво, но по падот од власт ќе дојде отрезнувањето за сите членови на партијата, а Мицкоски ќе биде еднаков на Владимир Мечиар од Словачка кој сѐ уште е претседател на некогаш најголемата десна партија и беше премиер на Словачка, но по влегувањето во ЕУ, словачкото општество го отфрли, така што сега таа партија само формално постои. Истото ќе му се случи и на нашето ВМРО-ДПМНЕ иако идејата на тандемот Заев-Мицкоски е дека овие две семејства треба да ја владеат Македонија како нивен приватен посед и надвор од ЕУ за да нема демократска контрола, но да има зависност од Белград.

Ете поради ваквото недемократско и недржавно однесување и по 34 години сме сѐ уште зависни. И нашата борба како Внатрепартиска фракција во ВМРО-ДПМНЕ е борба за европска Македонија, борба за опстанок на независна Македонија членка на ЕУ. Во исто време, тоа е и борба за спас на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, пред сѐ како ВМРО, кодот на македонската државност и ДПМНЕ како проевропска, национална и демократска визија за Македонија и македонската нација во семејството на европските современи нации во ЕУ.

Дали ќе читате или не, драги мој сопартијци и не е многу важно. Важно е да разберете што ви се случува и дека напразно се надевате дека некој нешто ќе ви даде. Да ви даде нешто што природно ви припаѓа. Ви припаѓа правото на работа (според образованието и личните способности и знаења), на образование (согласно уредени услови при разни нивоа на образование и покажано залагање и знаење), на здравство (како социјален и хуман аспект на живеењето без разлика на етничка припадност, пол и вера), на пензиско осигурување (за вас пензионери, пензијата не е милостина и добра волја на некого, туку со години заслужено остварено право), на здрава животна средина (како нормалност за право на благоугоден воздух и вода заради здраво и чисто живеење).

За да го имате ова што ви припаѓа со право, не се доволни само декларативни изјави и божем законски решенија, потребна е борба за своите животни, човечки и политичко-социјални и економски права.

Само со таква јасна и отворена борба денес македонската нација ќе може во иднина да се нарече навистина независна нација и да живее во навистина независна Македонија.

Дотогаш, до нашето – вашето освестување, со Божја помош, да живее и вечна да е Македонија.


ЦИВИЛ МЕДИА | Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Зависна независност

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ