• Latest

Заврши Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија со препораки земјава да остане посветена на реформите

October 6, 2022

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заврши Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија со препораки земјава да остане посветена на реформите

October 6, 2022 12:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Европскиот парламент во Стразбур заврши 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), со усвојување заеднички препораки. МПК за првпат се одржува откако Северна Македонија ги отпочна преговорите за членство во ЕУ.

Претставниците на европските институции, европратениците и македонските пратеници инсистираа на фактот дека започна нова фаза во односите меѓу ЕУ и Република Северна Македонија, а земјата мора да остане посветена на реформите и потребен е консензус за евроатлантските процеси, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Препораките беа усвоени откако македонските пратеници и европратениците на втората сесија на 20-тиот Мешовит парламентарен комитет – ЕУ и Северна Македонија раменија мислења за животната средина и енергетиката, добрососедски односи и регионална соработка, извештај за Дијалогот Жан Моне, за владеењето на правото, борбата против организиран криминал и корупција и за граѓанско општество и медиумите.

Во препораките, 20-тиот Мешовит парламентарен комитет, ги зема предвид претходните Заклучоците на Советот, Европската комисија и Европскиот парламент, особено одобрувањето од страна на Советот на Преговарачката рамка за Северна Македонија на 18 јули 2022 година и одржувањето на првата Меѓувладина конференција на 19 јули 2022 година, ги пофалува Заклучоците усвоени од Собранието на Северна Македонија на 16 јули, со кои се отвори патот за почеток на пристапните преговори, како клучен чекор на пристапниот пат на земјата во ЕУ, ја препознава комплексноста што се разгледува во овој компромис, што го признава и почитува македонскиот културен идентитет и го гарантира признавањето на македонскиот јазик.

Пратениците силно го поздравуваат одамна задоцнетото одобрување на Преговарачката рамка од страна на Советот на 18 јули, што го означи почетокот на процесот на пристапни преговори со Северна Македонија и одржувањето на првата Меѓувладина конференција на 19 јули; нагласувајќи дека ова го означува почетокот на новата фаза во пристапниот процес за Северна Македонија и спроведувањето на едногласната одлука донесена од Европскиот совет во март 2020 година за отворање на пристапните преговори.

МПК почетокот на скринингот, што е првиот чекор во процесот на пристапни преговори нагласува дека скринингот не е само техничка вежба бидејќи се однесува на прашања и грижи кои се блиски до секојдневниот живот на граѓаните; ја забележува Одлуката на Владата за воспоставување на структура за преговори за пристапување на земјата во ЕУ, со која се консолидира и координира механизмот за пристапниот процес согласно новата методологија за проширување; во таа насока ја нагласува важноста за зајакнување на транспарентноста, отчетноста и инклузивноста на процесот; ја истакнува улогата на Парламентот во обезбедувањето широк пристап до граѓаните во оваа насока; ја охрабрува ЕУ да продолжи да го забрзува темпото на процесот на пристапни преговори за Северна Македонија, врз основа на фер и ригорозни условувања и принципот заснован на заслуги; укажува на важноста од почитување на овој принцип за да се обезбеди еднаков третман во процесот на пристапување.

МПК го повторува своето цврсто уверување дека процесот на интеграција во ЕУ има значајна трансформативна моќ и треба да ги исполни целите за демократска консолидација, институционален интегритет, долгорочен раст и социо-економска кохезија, кои треба да бидат во прв план при донесување одлуки во сите земји-членки на ЕУ, за да се спречи понатамошно негативно влијание од трети страни кои го загрозуваат европскиот концепт; подвлекува, во тој поглед, дека почетокот на пристапните преговори испраќа важен сигнал за Западен Балкан и пошироко, потврдувајќи дека тој претставува геополитички приоритет за ЕУ; го изразува своето силно верување дека Европа не е целосна без Западен Балкан;

МПК понатаму го повторува ставот дека земјата продолжува да го демонстрира најдоброто досие за демократска транзиција во Западниот Балкан, и покрај бројните предизвици; ги поздравува континуираните реформи кои носат опипливи резултати за темелните вредности, како што се владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал, вклучувајќи ја агендата „Европа дома“ и Акцискиот план за борба против корупцијата; ги поздравува тековните напори на земјата за понатамошно унапредување на демократскиот процес и постигнување резултати во клучните политички области;

Поздравени се напорите направени за обезбедување имплементација на правната рамка за заштита на основните права и правилното функционирање на институциите задолжени за спречување и заштита од дискриминација, во согласност со европските стандарди; ги забележува тековните подобрувања во обезбедувањето на правата на жените и родово-одговорните политики, вклучително и преку спроведувањето на Истанбулската конвенција и последователното усогласување на правната и институционалната рамка, како и работата на различните Меѓупартиски парламентарни групи; со загриженост го забележува порастот на дезинформации, дискриминаторски и говор на омраза против ЛГБТИ+ лицата и бранителите на човековите права во политичкиот дискурс, онлајн медиумите и платформите на социјалните медиуми.

Од друга страна МПК признава дека е постигнат одреден напредок во имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудството, вклучително и во однос на понатамошното адресирање на препораките на Венецијанската комисија и групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото; ги повторува своите повици за спроведување на реформата во поглед на институционалната независност, финансирањето, квалитетот, координацијата и транспарентноста на судството.

Пратениците од двата парламенти ја поздравија посветеноста на Северна Македонија да ги спречи сите форми на корупција и да го санкционира коруптивното однесување; го смета, во тој поглед, за охрабрувачки напредокот постигнат во борбата против корупцијата и организираниот криминал, вклучително и на високо ниво; ги охрабрува властите да продолжат со целосна имплементација на препораките на Групата држави против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО); ги поздравува напорите за воведување антикорупциско образование во училиштата.

Поздравени се и стабилните меѓуетнички односи и соработка на Северна Македонија; ја пофалува континуираната имплементација на Охридскиот рамковен договор, кој ја претставува рамката на мултиетничкото општество; го поздравува вниманието посветено на заштитата на правата на помалите етнички заедници и ги повикува сите чинители да продолжат да ја зајакнуваат меѓуетничката стабилност и соработка;

Според МПК има позитивната клима во Северна Македонија за работата на граѓанските организации; при што понатаму се и континуираниот и значаен придонес на граѓанските организации во реформите и процесите на донесување одлуки, како и во заштитата на човековите права и основните слободи, особено на најранливите членови на општеството; ја охрабрува Северна Македонија да продолжи по својот сегашен пат за да избегне какво било потенцијално назадување.

Околу медиумската клима во Северна Македонија, МПК смета дека таа е отворена за критичко известување и како заштитничка кон слободата на изразување и плуралистичките гледишта, приоа потсетува на неопходноста да се ревидира медиумската правна рамка во согласност со правото на ЕУ и да се реформира јавниот радиодифузен сервис, обезбедувајќи негова независност и финансиска одржливост; повикува на континуирана борба против дезинформациите и говорот на омраза во медиумите; ги поздравува напорите направени за зајакнување на медиумската писменост, вклучително и промоцијата на независно истражувачко новинарство и непристрасна проверка на фактите.

МПК ја нагласува најголемата важност, особено во сегашните околности, од ангажирани и координирани дејства за да се придонесе за поотпорен и поефикасен енергетски систем и во поттикнување на одржливиот развој преку диверзификација на изворите на енергија; нагласува дека треба да се постигне понатамошен напредок на полето на животната средина и климатските промени, надвор од ажурираните климатски ветувања и одобрувањето на Зелената агенда, со цел да се промовираат и имплементираат политики за користење на алтернативни извори на производство на енергија; ја нагласува потребата од понатамошни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот, заштитата на водите и биодиверзитетот, како и управувањето со регионалниот отпад.

МПК ја препознава посветеноста на Собранието на Северна Македонија на реформската агенда на ЕУ и улогата на опозициските партии во парламентарната работа, вклучувајќи ја и надзорната функција на Собранието врз извршната власт; иако целосно ја признава легитимната разновидност на политичките ставови, позиции и мислења, ги охрабрува сите политички актери да ја намалат парламентарната поларизација и ги повикува сите политички сили да се вклучат во мирен дијалог за да работат за иднината на земјата во ЕУ; потсетува дека Собранието треба да остане главен форум на политичка дебата.

МПК повикува за продолжување на дијалогот Жан Моне и имплементација на договорите постигнати за време на третиот круг од Дијалогот одржан на почетокот на 2020 година; особено, повикува на засилена работа на работната група Жан Моне со цел да се договорат измените на Деловникот; понатаму, штом ќе се договорат и усвојат измените на Деловникот, повикува да се организира четвртиот круг од дијалогот Жан Моне.

Поздравена е значителната финансиска помош од близу 240 милиони евра обезбедена од Европската унија за различни социо-економски мерки за закрепнување, вклучително и макрофинансиска помош, поддршка на микро и мали компании и лица во ризик од невработеност и во форма на медицински опрема, набавки на вакцини и грантови за вакцини за време на пандемијата КОВИД-19; ги охрабрува властите на Северна Македонија да ги максимизираат целосните придобивки од финансиската помош на ЕУ, вклучително и преку Инструментот за претпристапна помош и Економскиот и инвестицискиот план и да ги продолжат своите напори за зајакнување на административните капацитети на сите нивоа на власта; го нагласува уверувањето дека политичките и економските стимулации за земјите-пристапнички не треба да ја заменат, туку да ја олеснат конечната цел за полноправно членство во ЕУ.

Во однос на добрососедските односи се поздравуваат состаноците меѓу Северна Македонија и Бугарија, вклучително и оние на експертско ниво, и се нагласува важноста да се решат сите културно-историски дискусии одделно од процесот на пристапување на Северна Македонија. МПК приота го повторува својот став дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка треба да се спроведува доследно и со добра волја од сите страни.

МПК на крајот ја пофалува конструктивната улога на Северна Македонија во развојот и негувањето на регионалната соработка и нејзината активна улога во регионалните иницијативи; го нагласува, особено, континуираното спроведување на Договорот од Преспа со Грција од сите страни.

МПК ја поздравува континуираната посветеност на Северна Македонија за евроатлантската безбедност и нејзиниот придонес во мисиите и активностите за управување со кризи предводени од ЕУ, како и нејзиното континуирано целосно усогласување со надворешната, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ, вклучително и за рестриктивните мерки против Русија, притоа ги пофалува напорите на земјата да и пружи помош на Украина.

Основна цел на МПК е разгледување на сите аспекти на односите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, особено имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Комитетот формално придонесува кон издигнување на повисоко ниво на односите и соработката на Собранието со Европскиот парламент, на неговата улога во Спогодбата налага обврска за Советот на ЕУ, Европската комисија и Владата на Република Северна Македонија за нивно целосно учество во неговата работа и редовно информирање на секој состанок на МПК за степенот на спроведување на Спогодбата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ