Пред Основниот Граѓански суд Скопје се одржа рочиште по предметот 28 П5 -79/23, по тужба на тужителите ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје и Иван Мирчевски, против тужените ЦИВИЛ – Центар за слобода, за надомест на нематеријална штета од навреда и клевета.
На рочиштето, тужените го прифатија предлогот на тужителите за извинување за изнесени навреди и клевети, а тужителите ја повлекоа тужбата во целост.
Страните во судницата изјавија дека ваквиот начин на завршување на спорот значи основа за воспоставување на иден коректен и професионален однос меѓу странките, пред се во интерес на јавноста.
Б. Ј.
Канал 5: Џабир Дерала и „Цивил Центар за Слобода“ му се извинија на Канал 5 и Мирчевски