• Latest
Фото: МИА

Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Максимално да се искористи новиот моментум во проширувањето, затоа што иднината на регионот е во Унијата

December 18, 2024
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Максимално да се искористи новиот моментум во проширувањето, затоа што иднината на регионот е во Унијата

December 18, 2024 22:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Треба максимално да го искористиме новиот моментум и да ги создадеме сите услови потребни за проширување на ЕУ, затоа што нема сомнеж дека иднината на Западниот Балкан е во нашата Унија, порача вечерва претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

– Испраќаме силен сигнал со „Бриселската декларација“ што ја усвоивме денеска и мило ми е што партнерите од Западен Балкан се согласија со неа. Затоа, би сакал да го изразам моето задоволство што договоривме Декларација која е поинаква од оние на претходните самити, поконцизна и која може полесно да ја разберат граѓаните, рече Кошта.

Во завршната „Бриселската декларација“ од Самитот се нагласува дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ и затоа учесниците на средбата уште еднаш ја потврдуваат својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на регионот во Унијата.

Интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е стратегиска цел не само за нив туку и за целата Унија, што се гледа и сега во контекст на конфликтот межу Русија и Украина. Нему треба да

– Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. Од нашиот последен Самит има нова динамика во процесот на проширување и забележителен напредок. Забрзувањето на пристапниот процес, заснован на кредибилни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и принципот на индивидуални заслуги, е во наш заеднички интерес, се наведува документот.

Во него се посочува дека помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се сржта на Европската Унија, па затоа од суштинско значење е спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со видливи резултати, вклучително и на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

– Се уште се потребни решителни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашањата вкоренети во наследството на партнерите од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи, вклучително и со Договорот за прашањата за сукцесија, како и за случаите на исчезнати лица и прашањата за воените злосторства, се вели во „Бриселската декларација“.

Во текстот се додава дека европските лидери се посветени и на приближување на партнерите од Западниот Балкан кон ЕУ уште во текот на пристапниот процес, при што се нагласува и дека Планот за раст на регионот има потенцијал да го удвои неговиот економски раст во следната деценија и да ја забрза социо-економската конвергенција меѓу него и Европската Унија, под услов „партнерите да ги спроведат реформите поврзани со ЕУ“.

Во Декларацијата се посочува дека ЕУ ја поздравува решеноста на партнерите од Западниот Балкан да ги почитуваат основните европски вредности и принципи во согласност со меѓународното право и посветеноста на приматот на демократијата, основните права и вредности и владеењето на правото.

– Делиме заедничка иднина и се соочуваме со итни предизвици кои можеме да ги надминеме само заедно. На нашите граѓани им должиме да изградиме иднина на мир и просперитет, заснована на споделените принципи и вредности и заеднички интереси, се нагласува меѓу другото во Бриселската декларација.

На Самитот заедно со лидерите на членките на Унијата и на земјите од регионот  учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

М. Д.

Tags: завршна декларацијаСамит ЕУ - Западен Балкан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ