• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Збрка и будалаштина

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
Фото: Скриншот од телеграм канал ПриветРостов

Украински напад со дронови предизвика пожар во складиште за нафта во рускиот град Сочи

August 3, 2025
Фото; ДЗС

ЦУК: Евидентирани вкупно 10 пожари на отворен простор -1 активен, 1 под контрола и 8 изгаснати

August 3, 2025
Romani prisoners at Belzec labor camp.jpg
Source> Wikimedia commons

Европски ден на сеќавање на Холокаустот за Синтите и Ромите

August 2, 2025
Gaza civilians collapse from hunger and lack of aid
Photo source - screenshot Al Jazeera video

УНИЦЕФ: Еден од тројца Палестинци во Газа поминува денови без храна

August 2, 2025

Судот на ОН го отфрли барањето за предвремено ослободување на Ратко Младиќ, кој го предводеше геноцидот во Сребреница

August 2, 2025
Mass starvation spreading across Gaza
photo source- screenshots from a video of Democracy Now!

Математиката на изгладнување: Како Израел предизвика глад во Газа

August 2, 2025

Сѐ што треба да знаете за локалните избори 2025: Вашето право, вашиот глас, вашата одговорност

August 2, 2025

Судот на ЕУ остро го критикува планот на Италија за процесирање на мигрантите во Албанија

August 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Збрка и будалаштина

(овие две работи одат заедно и имаат каузална поврзаност)

August 3, 2025 08:48
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ

Да направиш таква збрка во меѓународните односи и позиции на Македонија е еднакво на будалаштина. И таа будалаштина ја гледаме секојдневно. Во овој хаос, дури и дипломатите од кариера не можат да се снајдат и во некој директен разговор ќе ви кажат дека „за прв пат по 35 години самостојност на Македонија, тие не ја разбираат приказната и што се сака да се постигне, односно по кој пат се движиме“. Всушност не разбираат луѓето од дипломатската фела што тоа сака да направи владата на Мицкоски и Тимчо статива во неа како надворешен министер. Каква е крајната замисла и на кои позиции ќе дојде Македонија по оваа збрка, а преку будалаштина е потполно нејасно.

Драги мои пријатели, државата мора да има предвидлива меѓународна политика, со јасни цели, антиципирана иднина и јасно разбрана актуелна состојба, опкружување и тенденции. Единствено низ таков еден поглед кон меѓународната политика (без разлика дали е регионална или глобална) Македонија може да се надева на долгорочна стабилност и предвидливо решавање на можните проблеми. Вака како што се тргнало се плашам дека многу бргу ќе бидеме жртви на сопствената будалаштина, а потоа ќе бараме за виновник други. Меѓународните односи бараат активност, динамичност, обмислување на чекорите и планирање. Тие не се гол ПР и евтин патриотизам, а уште помалку се емоции и „слушање“ на народот, најмалку од сѐ – несоодветно, непланско и особено ненавремено реагирање.

Уште на 04.07.2022 година неколку дена по потпишувањето на Вториот протокол со Бугарија, кого Османи од непознати причини се обиде да го сокрие, како Внатрепартиска фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ дојдовме до содржината на Протоколот и јасно излеговме со негова Анализа пред целата македонска и меѓународна јавност давајќи наше видување на спорните точки од протоколот. Потоа, на 14-ти ноември 2024 година, повторно во три дела, ја ре-објавивме нашата Анализа на Протоколот – Записникот од Втората меѓувладина конференција помеѓу Бугарија и Македонија, како што всушност носи точен назив фамозниот Втор протокол, а со појаснување како описен поднаслов (или за очебијноста за умствената, политичката и образовна слабост на нашите политиканти поради кои настрадавме и продолжуваме да страдаме како народ и нација и да нанесуваме штета во рамките на ЕУ).

Оваа повторена Анализа дадена во колумна требаше да послужи како потсетник на владата на Мицкоски за реалните состојби во нашите договорени односи со Бугарија чиj темел е Договорот за добрососедство. По Вториот Протокол требаше да има и Трет, бидејќи тоа е обврска од Договорот (оној за добрососедство со Бугарија) кој ние како ВМРО-ДПМНЕ 95% го подготвивме, но Заев го потпиша (додуша набрзина), а нашата пратеничка група во Собранието на Македонија беше воздржана. И тогаш нашите пратеници немаа некои забелешки на одредбите од Договорот сметајќи дека е во ред. И тогаш укажав пред дел од нашите пртеници на можните пропусти и последици во Договорот, особено со историската комисија, како и меѓувладините годишни конференции и некои одредби во членот 8, но во партија ги сметаа за незначајни. Ете, тоа е кога не се гледа далекусежно. Но за тој период можам да најдам оправдување и да ги разбирам „одлуките“ во партијата и не реакциите, впрочем, тогаш само што влеговме во длабока опозиција по исклучително турбулентните и стресни настани од 27-ми Април, така што некој сакаше да покаже кооперативност.

Во самата Анализа (која се надевам ќе можете во целост да ја видите на некој од порталите каде што ќе замолам да биде повторно објавена, на тринаесет страни е образложен Вториот протокол и, пред сѐ, се потенцирани неговите замки.

И тогаш и сега стоиме зад нашата Анализа, но исто така цврсто стоиме и зад предложените решенија. Тие решенија во пост скриптум на Анализата од 14.11.2024 година ги предложивме на Мицкоски и Муцунски. Истите ги повторуваме и сега и јасно кажуваме:

Во овој контекст останувам при ставот дека за наша жал не ни останува ништо друго освен да избереме еден од можните патишта:

1.Да ги спроведеме сите обврзувачки услови кои сме ги презеле на хартија во рамките на Протоколот благодарение на „генијалноста“ на Османи и Димитров, а во иднина да размислуваме што треба да направиме и што реално може да направиме и

2.Да се откажеме од Договорот за добрососедство со што по автоматизам ќе престанат да важат Протоколите, но и преговарачката рамка произлезена од таканаречениот Француски предлог или сега веќе Европски договор.

Ние, Внатрепартиската фракција во ВМРО-ДПМНЕ сме за спроведување на првиот пат, односно реализација на од наша страна преземените обврски, а согласно едноставната порака која ЕУ упорно ни ја кажува:

ПОТПИШАНИТЕ ДОГОВОРИ-ПРОТОКОЛИ И ПРЕЗЕМЕНИТЕ ОБВРСКИ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ И СПРОВЕДАТ.

Во тие рамки, би било добро да разговараме со сите земји членки на ЕУ, но и со нашиот стратешки партнер – САД, во врска со можноста да по исполнување на основната обврска која несомнено не е проблематична за нас – внесувањето на дел од Бугарскиот народ во македонскиот устав како уставна категорија, останатите обврски да бидат одложени пред се заради нивно прецизирање во рамките на еден Трет меѓувладин Протокол кој би бил составен и потпишан со посредништво на ЕУ и САД. Овој Трет Протокол во секој случај би требало да биде симетричен во однос на преземените обврски од двете страни, прецизен во однос на барањата и роковите за секоја обврска поодделно и несомнено со најголем простор и посредништво во однос на историските прашања. Образовните прашања, посебно обврската за доставување во Софија на примероци од учебниците е исклучително обемна, но пред се понижувачка обврска за Македонија. Токму на вакви примери во Вториот Протокол се гледа патерналистичкиот став на Бугарија кон Македонија и тоа несомнено создава чувство на подреденост и пониженост кај македонската страна, но и недоверба кон искреноста на бугарската страна.

Не знам што тука не им беше јасно на Мицкоски и на Тимчо статива, па откако се обидоа да изведуваат разни трикови и божем политикантски акробации низ ЕУ и ЕП, дојдовме пак на истото, и згора на се изгубивме скоро цела една година и дополнително си ја проблематизиравме позицијата во ЕУ, пред се политичка. Толку ли е голема суетата јавно да се признае дека се зема ум од Внатрепартиската фракција или тоа во комбинација со лошото актерство и евтиниот ПР треба сега да се употреби како димна завеса за не работењето и немањето резултати по повеќе од една година власт на сите нивоа а во пресрет на локалните избори. Многу приземно е тоа дури и за македонски политикантски услови, бидејќи се ставаат Македонија и македонскиот народ како заложници на партиска политика и не капацитетност.

Така сега ќе ни ја вадат и рециклираат Лилјана Поповска (која патем беше дел од власта на Заев) и која гласаше за Договорот за добрососедство и за прифаќање на Првиот и Вториот протокол. Потоа Тимчо статива ќе ни глуми патриот дека Вториот протокол треба да се раскине, а во меѓувреме кога нема да даде решение или образложение на „генијалната“ идеја, за да ја пополни дупката која што самиот ја отвори ќе оди на испраќање на илинденската коњаница во Лисиче за да глуми патриот.

Е па сега, вака стојат работите. Најпрво баталете се од разни удбашки инсталации кои треба да ви ја оправдаат збрката која ја создадовте и глупоста која сакате да ја направите. Бидете доволно мажи (па нели сте комити-војводи, наши ВМРОВЦИ) и применете го вториот пат од нашиот предлог, а тоа е да го раскинете Договорот со Бугарија. Во самиот Договор е оставена таа можност, а потоа од следната година да пристапите, доколку сакате, повторно кон преговори со Бугарија, доколку и тие сакаат.

Јас не верувам дека имате таква храброст, и затоа замолувам да не го потпалувате македонскиот народ затоа што ќе му нанесете несогледливи последици. Јасно кажете дека е невозможно укинување само на Вториот протокол. Поправањето на грешките на Бујар и Димитров (оној Димитров што „му се суши рачето“, а Мицкоски упорно ви го враќа во јавниот дискурс и не зборувам за кривично-правно санкционирање на овие ликови кое никогаш нема да го направите, а кое е регулирано во Кривичниот закон), кои ја доведоа Македонија во подредена позиција, направени со потпишување на Првиот и Вториот протокол се можни единствено преку дипломатски напори за пристап кон Трет протокол. Но Тимчо статива не е способен да преземе активности во таа насока и затоа учествува во збрката, колку по заплеткано, толку подобро за нас да не решаваме ништо како мото за (НЕ) работење или не сторување.

Пред сѐ, затоа што тоа покрај образовни, организациони, когнитивни, мисловни и интензивни работни ангажмани за организација на Меѓувладина конференција од која ќе произлезе Третиот протокол ќе треба да се признае дека досегашната надворешна политика во изминатата година била погрешна. Тоа би барало одговорност за погрешните политики и секако барем делумна реализација на Вториот протокол во некој делови кои не би требало да бидат спорни. Тоа би барало и промена на наративот и односот на објаснување (различен од принципот на божем докажување „кој е виновен“ и „колку Бугарија нѐ мрази“) кон ЕУ во однос на нашето поведение кон меѓународните договори.

Потоа, тоа значи враќање на довербата која сега не постои кај ЕУ кон оваа власт, а тоа што најмногу ќе ги боли Мицкоски и Муцунски е враќањето на меѓусебната доверба со Бугарија што подразбира започнување на директна комуникација, односно посети на Софија и Скопје и спроведување на конкретни содржајни разговори и работа на историската комисија без задршки во научен аспект.

Токму оваа болка Мицкоски и Муцунски не можат да ја надминат, бидејќи таа не е толку поврзана со нивната комуникација со официјална Софија, туку е поврзана со неможноста таа комуникација со „клетите Бугари-денационализатори“ да ја објаснат не само кај македонскиот народ кого го труеја со омраза и негативни стереотипи, туку ниту внатре во партија па колку и да се клиентелисти тие околу нив. Всушност, не се способни и не сакаат, поточно не смеат да извршат де-секуритизација на секуритизацијата која заради политикантски цели и измама на македонските граѓани ја креираа во соработка со други центри на моќ надвор од САД и ЕУ.

Но за нивна жал, токму двата можни правци кој му ги посочивме на Мицкоски уште во ноември минатата година се единственото решение за излез од оваа збрка и будалаштина која ја направија и нѐ внесоа во ќорсокак. Токму низ првиот можен пат кој го дадовме како решение може да очекуваме сесрдна помош од ЕУ и нивен притисок врз Бугарија за олеснување на нашиот пат. Сѐ друго е само и единствено губење време, дополнително правење збрка и будалаштина.

Впрочем, погледнете како во Бугарија се исмеваат со „генијалната“ идејата на Мицкоски за заедничка Резолуција на Бугарија и Македонија до ЕП. Всушност, толку го земаа на мајтап што двајца новинари се пишаа како Премиери во сенка и му составија предлог Резолуција. Таквиот предлог, па и на мајтап, ја отсликува вистинската состојба како се понижи Македонија и на кое ниво непотребно се спушти целата меѓународна политика која оваа влада ја води изминатата година, а која не дава ниту едно конкретно стратешко и долгорочно решение, не затвара ниту едно отворено прашање, туку го отвори и нашето веќе 80 години затворено македонско прашање. За оваа состојба, не се сомневајте дека Бугарија не е свесна и дека не ги следи состојбите. И уште како внимателно следат сѐ што се случува, анализираат и планираат како тоа да го свртат во нивна полза. Но нашите „стратези“ Мицкоски и Тимчо статива тоа не го перципираат и не преземаат соодветни мерки и решенија, освен оние кои сметаат дека ним им одговараат од популистички цели. Затоа и ѝ даваат на Бугарија оружје со кое може да пука по нас и да ја засилува својата позиција која во однос на нас во овој спор е секако посилна.

Токму како што некој во академската јавност предвидоа дека со оваа недозреаност на Мицкоски и Тимчо статива се даде инструмент во рацете на Бугарија да си поигрува. Всушност, Бугарија сега може да се мајтапи со нашата неспособност и при тоа да биде потполно комотна бидејќи има време, но нам времето ни истекува.

Нам времето ни истекува и поради Албанија која го отвори последното поглавје. Тоа што ги лажете нашите сопартијци и сограѓани дека Албанија никогаш нема да влезе во ЕУ ќе ви се распрсне како меур од сапунива и тоа за околу една година од сега. Тоа што продавате политикантски приказни дека по вонредните парламентарни избори во Април 2026 година ќе го земете ДУИ во власт и до крајот на 2026-та ќе ги донесете уставните измени, а потоа до 2028 ќе ја стигнеме Албанија која од страна на ЕУ поради нас ќе биде закочена во преговорите, е муабет за на пазар.

Веќе ви кажав дека Мицкоски не смее да го отвори патот на Македонија кон ЕУ. Не се врти светот околу Македонија. Нема да ѝ е грижа на ЕУ за Македонија кога на самите нас не ни е грижа за нашата татковина. Затоа само дополнително правите збрки за да си ги покриете будалаштините. Впрочем, една глупост покривате со друга, дури тешко е да се следи таа хипер продукција на збрки и будалаштини. Мислев дека тоа ви е некаква си ПР стратегија, но се лажам, тоа ви е задача, а и природна дарба.

Решението со Бугарија е јасно, а ние како Внатрепартиска фракција повторно ви го предочуваме бидејќи за една година нема никаква промена на подобро, туку само кон полошо. Тоа решение е едноставно, или да сработиме што сме презеле, па колку и да е лошо врз нас, а при тоа да бараме помош и олеснување од ЕУ, или да ги раскинеме договорите, па да почнеме од почеток.

На вас е, Христијане, на тебе и на Тимчо статива да донесете одлука јасна и недвосмислена, да не си поигрувате со македонските граѓани, особено со македонскиот народ. Кажете јасно и гласно како мажи, што планирате и престанете да лажете, измислувате, манипулирате, злоупотребувате и при тоа да ги користите медиумите како гебелсовштина што би рекол еден ваш привремено најлојален уредник.

На крајот на оваа колумна почитувани читатели Ви го честитам денот на Републиката – Илинден со желби нашата намачена татковина Македонија и македонските граѓани да дочекаат во најбрзо време да ја видат Македонија како успешна и уредена европска држава која, пред сѐ, ќе се грижи за сопствените граѓани и нивната благосостојба. За да се реализира оваа исконска желба на сите нас треба да излеземе од збрките и будалаштините кои ни ги создаваат и да пристапиме кон здраворазумско, логично и предвидливо размислување и дејствување за нашата татковина Македонија и за нашите идни генерации Македонци.

Само со разум и знаење се уништува будалаштината и излегува од збрката, но и се отстрануваат притисоците и разните аспирации кон нашата татковина и кон нас како народ и нација. А разумот и знаењето се во секого од нас поединечно, ние самите со едно заокружување си ја дефинираме сопствената и иднината на нашите деца.

Да живее Републиката!

Вечна да е Македонија!


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • AI

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да си заминат што побргу и да не лажат повеќе, едногласно им порачаа граѓаните на властите

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Ја мислевте Данела некаков симбол на непокор – ве потсети што вмровска инсталација си беше и остана

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Збрка и будалаштина

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ