поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Во Македонија, се чини, освен „бомби” со криминално-коруптивно полнење, ништо повеќе не се произведувало.
*
Некој некогаш бездруго ќе треба да одговори зошто на Бранко Манојлоски, како најстар пратеник, не му се дозволи да претседава со конститутивната седница на Собранието. И зошто се дозволи настаните да се развијат така како што се развија до 27 април 2017.
*
Од составот на кандидатските листи на некои партии, може да бидеме сигурни дека и во идниот Парламент ќе имаме повеќе пратеници со “бомби” и досиеја.
*
Владата не создава пари. За да даде некому, од некого мора да земе. Ова треба да го имаат предвид популистите и демагозите на некои партии, кои, со неподнослива леснотија, знаат само да составуваат долги списоци на тие што треба да им се даде помош.
*
Не треба да им се верува дека здравјето на граѓаните им е врвен приоритет на тие што, наместо на власт, треба да одат во затвор.