Categories

АКТИВИЗАМ Зелена иднина во Велес, Лозово и Свети Николе

Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, вчера ги посети општините Лозово, Свети Николе и Велес во рамки на проектот „Зелена иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.

Зелена иднина во Лозово, 21/05/2019

Целта на овој проект е подобрување на јавната перцепција и знаењето за концептот на општество кое ги негува зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

Зелена иднина во Свети Николе, 21/05/2019

На инфо-штандовите на ЦИВИЛ граѓаните и граѓанките имаа можност да се запознаат со поврзаноста на овие три елементи, кои се предуслов за општество кое се стреми кон демократски вредности и напредок базиран на грижата за околината и иднината.

Зелена иднина во Велес, 21/05/2019

Тие исто така имаа можност активно да се вклучат преку испраќање на пораки до локалната и централната власт, да разменат мислења, ставови и информации, слободно и без ограничувања за темите од областа на социјалната правда, зелените иницијативи и антинационализмот.

Зелена иднина во Свети Николе, 21/05/2019

Она што е важно за овој проект е фактот дека граѓанките и граѓаните имаат право и можност да ги променат состојбите во општеството.

М. Ивановска
фотографии: Тимот на ЦИВИЛ

 

Print Friendly, PDF & Email