• Latest

Зелена собраниска група: Потребно е продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор и општините во спроведување на зелената агенда

November 23, 2021

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелена собраниска група: Потребно е продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор и општините во спроведување на зелената агенда

November 23, 2021 15:28
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зелената собраниска група досега има спроведено значајни чекори, но во иднина треба да работи уште поинтензивно и да ја зголеми соработката со невладиниот сектор, министерствата и општините со цел ублажување на последиците од климатските промени, спроведувањето на зелената агенда, како и решавање на проблемите од таа областа, беше заклучено на денешниот настан  „Поддршка на Зелената собраниска група во процесот на спроведување на зелената агенда во Западен Балкан u Северна Македонија“.

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиевска се осврна на законите кои се досега донесени, а се однесуваат на животната средина и истакна дека сега најважно е носењето на законот за климатска акција, кој е во завршна фаза.

– Јас очекувам до крајот на годината да биде ставен на ЕНЕР,  па јавноста да може да даде свои коментари и предлози за негово подобрување и очекувам на крајот на оваа или на почетокот на следата година да влезе во владина постапка, а потоа и во собраниска процедура, рече Оџаклиевска.

Таа потсети дека оваа година е донесена Стратегијата за климатски промени и оцени дека препораките и мерките кои се содржани во Стратегијата за климатски промени мора да се рефлектираат и во останатите секторски политики.

– При изработката на овој документ несомнено беа вклучени претставници од сите релевантни институции, меѓутоа она што ни недостасува е кога ќе се вратиме назад во институцијата од која доаѓаме да ги пресликаме или да ги пренесеме сите тие мерки или одредби кои конкретно произлегуваат од Стратегијата за климатски промени, посочи заменик-министерката.

Таа истакна дека многу е важна и соработката со сите релевантни министерства.

– Би сакала да потенцирам дека е многу важна соработката и со другите релевантни министерства, бидејќи кога ќе се погледнат работите од поширока перспектива за климатските промени, економијата е многу важна. Но, за ублажување на последиците од климатските промени сметам дека клуч за надминување на овие проблеми е добра координација и добра соработка и треба соработка со граѓанскиот сектор и со општините, нагласи Оџаклиевска.

Пратеничката Маја Морачанин зборувајќи за она што е сработено во изминатите 30 години во областа на животната средина, ги наведе донесените закони, потребата од употреба на обновливи извори на енергија, загадувачите, како и потребните чекори за промени, при што нагласи дека она што недостасува е развој на железнички сообраќај, како и ефикасен јавен превоз.

– Мислам дека е недозволиво во државата 30 години да не се инвестира и да не се направи железничко поврзување и овде и во регионот е сличната ситуација. Но, тоа навистина е поразително и делот од урбаниот сообраќај во градовите, се уште нашите градови немаат ефикасен јавен превоз кој што ќе им биде достапен и кој што ќе доведе до замена на ова користење на автомобили и со тоа да се придонесе кон намалување на емисиите на штетни гасови, рече Морачанин.

Таа потсети дека согласно Европскиот зелен договор, чии принципи се внесени во програмата на Владата 2020-2024 година, институциите треба да се фокусираат на негово проведување и да се испорачаат заложбите.

Пратеничката Велика Стојкова Серафимовска истакна дека треба да се продлабочи соработката меѓу пратениците и невладиниот сектор.

– Во однос на кризата што ни доаѓа, особено енергетската криза, глобалното затоплување и се она што се случува во изминатава деценија, а како што гледаме допрва ќе се случуваат такви глобални промени на климата и во однос на зелената агенда, сметам дека треба да се навлезе малце подлабоко и малку повидливо во однос на имплементирањето на Агендата на ОН за одржлив развој 2030, каде од 17 цели, повеќе од половина се однесуваат на животната средина и се поврзани со човекот и животната средина. Во светот, како одат агендите, се гледа дека се повеќе и повеќе се враќаат области, дејности и активности кон поврзаноста на човекот со природата, рече Стојкова Серафимовска.

Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ оцени дека општините располагаат со многу мали буџети и рече дека треба да се најде решение за нивно зголемување.

– Гледаме дека во последно време се вложува многу во изградба на инсталации за користење на сончевата енергија, која ја имаме најмногу и енергијата на ветерот, меѓутоа освен комуналии за изградба на тие објекти, општините не добиваат ништо. Неодамна испративме еден коментар до Министерството за транспорт и врски каде што бараме од профитот на тие што управуваат со сончевите колектори и ветерниците да се одвои дел од тоа за општината. Не знам што ќе се реши по тоа. Сакам да ги замолам пратениците малку повеќе да отворат очи кога доаѓаат вакви закони, што се однесуваат на финансирање на единиците на локална самоуправа во кој било правец, дали е од казни дали е од заштита на животна средина, да обрнат повеќе внимание и да дадат повеќе можности за локалната самоуправа да и се зголеми процентот на наплата од тие средства, нагласи Першиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ