Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја повика Русија конечно да ја запре агресијата и да ги повлече своите војници овој Божиќ, пренесува Укринформ.
„Многу наскоро ќе имаме празници кои ги слават милијарди луѓе. Божиќ – според Грегоријанскиот календар или Нова Година и Божиќ – според јулијанскиот календар. Ова е време нормалните луѓе да размислуваат за мир, а не за агресија. Предлагам Русија барем да се обиде да докаже дека е способна да се откаже од агресијата. Би било правилно да започне повлекувањето на руските трупи од меѓународно признатата територија на Украина овој Божиќ. Ако Русија ги повлече своите трупи од Украина, тоа ќе обезбеди траен прекин на непријателствата“, рече претседателот, говорејќи на Самитот на Г7.
Тој истакна дека одговорот од Москва ќе покаже што навистина сакаат Русите: мир или војна.
„Окупаторот мора да замине. Тоа сигурно ќе се случи. Не гледам причина Русија да не го стори тоа сега – на Божиќ. Одговорот од Москва ќе покаже што тие навистина сакаат – натамошна конфронтација со светот на конечно прекинување на агресијата. Оној кој ни ја донесе војната треба да ја одземе“, рече претседателот на Украина.
Подготви: Д. Мишев