Во Украина денес има многу дискусии за тоа каква треба да биде економската политика на државата и за време на војната и кога ќе го вратиме мирот, порача украинскиот претседател Володомир Зеленски на каналот Телеграм.
Сакам да нагласам еден детал. И овој детал е фундаментален.
Мора да се навикнеме на фактот дека може да има само два дела од општеството – оние кои ја бранат нашата независност и оние кои работат на начин да ја обезбедат таа одбрана. И ова не е прашање на една или друга економска доктрина, не е прашање на една или друга политичка позиција. Едноставно, не можеме да си дозволиме да го оставиме во сенка економскиот живот во земјава.
Ако зборуваме за нормален, стабилен и силен живот на општеството, за работата на државата, за нашата одбрана, мора да разбереме: има такви што служат, има и такви што обезбедуваат со својата работа за оние што служат.
Ова значи официјално вработување. Ова е плаќање на даноци. Ова е максимално проширување на економските можности кај нас, по законски основи. И ова е целосна модернизација на државните институции.