Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во објава на Телеграм изјави дека секој ден патот кон враќањето на сите привремено окупирани украински територии е се почист.
„Патот кон враќањето на сите наши територии станува се почист. Ги гледаме контурите на обновување на територијалниот интегритет на нашата држава. Знаеме дека ова е тежок пат, но можно е да се помине. И ние го правиме тоа“, Зеленски кажа.
Тој објави и фотографии од териториите ослободени од руските освојувачи.
Вооружените сили на Украина веќе неколку дена спроведуваат активни офанзивни операции на североисточниот фронт и продолжуваат со постојаните напори за враќање на териториите на југот на земјата, вклучително и во регионот Херсон.
Подготви: Д.Мишев