Вооружените сили на Украина брилијантно ги извршуваат своите задачи. Разузнавањето, Националната гарда, територијалната одбрана, полицијата, граничарите – сите тие работат сто проценти за победата. Но, секој граѓанин мора да работи и за победата – во тоа што прави и каде е, изјави украинскиот претседател Зеленски на каналот Телеграм.
„Ако сте во странство – поддржете ја Украина. Ако се занимавате со обични економски активности, потрудете се што е можно повеќе во корист на Украина. Ако се најдовте на привремено окупирана територија – обидете се да им направите на окупаторите што е можно повеќе проблеми. Вооружените сили на Украина се нашата основа. Но, на овој темел секогаш мора да стои тврдина на нашето национално единство.“, порача Зеленски.
Д. Т.