Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во својот говор на Минхенската безбедносна конференција во саботата изјави дека е убеден дека сега е време да се создадат обединети вооружени сили на Европа, пренесува Укринформ.
„Верувам во Европа. И сигурен сум дека верувате и вие. И ве повикувам да дејствувате за себе, за доброто на Европа, луѓето во Европа, вашите народи, вашите куќи, вашите деца и нашата заедничка иднина. За ова, Европа треба да стане самодоволна и обединета со заедничка сила, украинска и европска“, рече тој.
Зеленски рече дека во моментов украинската армија, поддржана од глобална помош, ја кочи Русија.
„Но, ако не ние, кој ќе ги спречи? Да бидеме искрени, сега не можеме да ја исклучиме можноста Америка да и каже „не“ на Европа за прашања што и се закануваат. Многу лидери зборуваа за Европа на која и треба сопствена војска, армија – армија на Европа. Навистина верувам дека дојде време кога мора да се создадат вооружени сили на Европа“, рече тој.
Концептот на европска армија е нешто што беше предложено од други лидери, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон, кој долго време ја поддржуваше сопствената војска во блокот за да ја намали нејзината зависност од САД.
Драган Мишев