• Latest

Зеленски: Русија е единствениот виновник што светот беше уништен, и тоа е нејзина историска одговорност

May 10, 2022
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Русија е единствениот виновник што светот беше уништен, и тоа е нејзина историска одговорност

May 10, 2022 15:50
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денес направивме уште еден чекор – многу важен, и не само формален чекор – на нашиот пат кон Европската унија. Украина го достави вториот дел од одговорите на специјалниот прашалник што треба да го пополни секоја земја која претендира да биде дел од Европската унија. Обично за ова се потребни месеци и месеци. Но, ние направивме сè за неколку недели. Ова е документ кој содржи илјадници страници, изјави уктраинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање до нацијата.

Зеленски информираше дека имал разговори за  европска интеграција на земјата и со Шарл Мишел, Претседател на Европскиот совет, и со Урсула фон дер Лајен, Претседателка на Европската комисија, при што им се заблагодарил во името на целиот украински народ за поддршката на земјата, за обрнатото внимание на потребите и особено сега – во ова тешко време на војна.

Претседателот посочи дека тие добро разбираат дека оваа војна не е само за слободата на Украина, туку за слободата на сите Европејци.

Г-ѓа Урсула рече дека е импресионирана од брзината со која нашите владини претставници го пополнија прашалникот. И ми беше драго што слушнав од неа дека нашата брзина ја охрабрува Европската комисија да дејствува исто толку брзо. Очекуваме во јуни да добиеме позитивен одговор во однос на тоа нашата земја да стекне кандидатски статус за ЕУ, рече Зеленски.

Тој , исто така, имсе заблагодарил на Претседателот на Европската комисија за работата на создавање на Фонд за доверба за обнова на Украина по војната, по победата. И за напорите потребни за договор за нов пакет санкции против Русија.

Зеленски во обраќањето кажа дека претседателот Шарл Мишел  ја посетил Одеса, каде со свои очи видел што значи блокирано море, каде за прв пат по децении и децении  нема вообичаено движење на трговската флота, нема вообичаено пристаниште. Веројатно ова во Одеса не се случило уште од Втората светска војна.

Обичниот живот поврзан со морето е блокиран од Русија. Токму од Русија. И ова е удар не само во Украина, рече Зеленски. Без нашиот земјоделски извоз, десетици земји во различни делови на светот веќе се на работ на недостиг на храна. А со текот на времето, ситуацијата може да стане сосема ужасна.

Политичарите веќе разговараат за можните последици од ценовната криза и гладот во земјите на Африка и Азија. Ова е директна последица на руската агресија, која може да се надмине само заедно – со сите Европејци, со целиот слободен свет. Тоа може да се надмине со притисок врз Русија, со ефективно принудување на Русија да ја прекине оваа вознемирувачка војна.

И, патем, денес – и покрај присуството на Претседателот на Европскиот совет – руската војска повторно изврши ракетен напад врз Одеската област. Ова е вистинскиот однос на Русија кон Европа. И отсекогаш било така. Што и да кажуваат во Москва, истакна Зеленски.

Тој соопшти дека во Киев се сретнал со Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, со која разговарале за тоа што може да се направи за мир во Украина и Европа со помош на инструментите на оваа ценета институција, при што искажал благодарност за поддршката на Украина со посетата на  главниот град токму на  Денот на Европа, и Денот на победата над нацизмот.

Зеленски истакна дека вообичаено, на 9 мај Европејците ја споменуваа цената на мирот што ја платија сите народи на нашиот континент пред 77 години. Тие зборуваа за тоа како да се спречи повторување на таква страшна војна.

За Зеленски, јасно е дека сега сè е поинаку. Во европските метрополи, главното прашање е цената на мирот што ќе треба да се плати за да се запре војната која Русија ја започна. И, исто така – цената за Русија за фактот што таа повторно го донесе во Европа злото на тотална војна со цел да го уништи украинскиот народ.

Сигурен сум дека сега ова е главната тема и во Москва. Тие можат да прикажат сè во пропагандата – нека. И да дадат какви било политички изјави. Но, со тоа реалноста не се менува. На реалноста и треба мир. А единствениот виновник што светот беше уништен е и ќе остане руската држава. Ова е историска одговорност за Русија, продолжи Зеленски и додаде: А ние, Украинците, продолжуваме да работиме за одбрана, за победа и за враќање на правдата. Денес, утре и кој било друг ден кој е потребен за ослободување на Украина од окупаторите.

Зеленски на крајот од обраќањето, им се заблагодари на сите бранители, бранителки, на сите оние кои ја бранат Харкивската област, го бранат Донбас, го бранат југот на Украина. Кои не се откажуваат и го чекаат украинското знаме во сите оние градови кои се привремено.

 Привремено заробени од окупаторите. Херсон, Мелитопол, Бердјанск, Енергодар, Мариупол, сите други градови, сите други наши заедници. Украинското знаме ќе се врати. Затоа што ова е наша земја. Слободна европска земја. Наша држава, потенцира Зеленски. Слава на Украина!

Подготви: Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ