Вооружените сили на Украина, владата и народот сто дена ја бранат украинската држава од руските напаѓачи и ќе победат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео објавено на Фејсбук,
„Лидерот на фракцијата е тука, шефот на Кабинетот на претседателот е тука, украинскиот премиер Шмихал е тука, Подолијак е тука, претседателот е тука. Нашиот тим е многу поголем. Вооружените сили на Украина се тука. Најмногу важно е нашиот народ, народот на нашата држава да е тука. Сто дена ја браниме Украина. Победата ќе биде наша“, рече Зеленски.
Зеленски го сними видеото во близина на Кабинетот на претседателот заедно со членовите на неговиот тим – премиерот Денис Шмихал, лидерот на фракцијата Слуга на народот Дејвид Арахамиа, шеф на претседателската канцеларија. Андриј Јермак и претседателскиот советник Михаило Подолиак
Подготви: Д.Мишев