• Latest

Зеленски: Утре започнува историска недела кога ќе го слушнеме одговорот од ЕУ за кандидатскиот статус за Украина

June 20, 2022

ДНЕТ поднеле тужба до Управен суд кој ја потврдил одлуката на ДИК

October 19, 2025

МВР: Регистрирани 20 пријави за кршење на изборен молк и 47 објави на социјални мрежи со повици за гласање за одреден кандидат

October 19, 2025

ЦИВИЛ го започна изборниот мониторинг во 6:30 – изборниот ден тече мирно и навремено

October 19, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Огромни толпи на анти-Трамп протестите „Без кралеви“ кои се шират низ САД

October 19, 2025

Излезеноста на изборите до 09.15 часот е три отсто

October 19, 2025
Фото: МВР

МВР апелира до граѓаните и политичките партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера за време на Локалните избори

October 19, 2025

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

October 19, 2025

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

October 19, 2025

Гласањето започна, граѓаните по осми пат избираат локална власт

October 19, 2025

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Утре започнува историска недела кога ќе го слушнеме одговорот од ЕУ за кандидатскиот статус за Украина

June 20, 2022 12:10
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Утре започнува историска недела. Една од најважните од 1991 година. Недела кога ќе го слушнеме одговорот од Европската Унија за кандидатскиот статус за Украина. И во таква недела треба да очекуваме поголема непријателска активност од Русија. Намерно – демонстративно. И не само против Украина, туку и против Европа. Ние се подготвуваме. Ги предупредуваме партнерите. И ние сме благодарни на сите чија сила денес значи и наша победа утре, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето во неделата навечер.

Во нашата земја денес имаше многу честитки. 19 јуни – Денот на лекарот, истовремено и Денот на таткото и Денот на земјоделецот, рече Зеленски. Се разбира, сакам да им се заблагодарам денес на сите наши лекари, на сите украински медицински сестри, кои од 24 февруари се буквално на првата борбена линија. Ви благодарaм за десетиците илјади втори родендени што им ги подаривте на нашите војници, на нашите цивили, на нашите украински деца. Ви благодарам за тоа што спасувате животи на фронтот, што спасувате во болниците, во болниците низ нашата земја.

Зеленски нагласи дека украинските лекари се безброј примери за извонреден херојство. Херојството на оние кои вршеа операции под оган. Кои работеа во блокадата во Мариупол. Оние кои ја преживеаја окупацијата, заробеништвото, па дури и во такви услови, колку што е можно, спасија животи – најважно од се.

Тој се заблагодари и на украинските земјоделци, оние кои ги бранеа своите заедници дури и со голи раце кога ја запираа руската војска. Кои и покрај војната обезбедија кампања за сеење. Оние кои дури добија прекар „тракторски трупи“ кога ја земаа руската трофејна техника од бојното поле. И сега кога Русија го блокираше украинскиот извоз преку пристаништата на Црното Море, целиот свет виде кои се всушност украинските земјоделци и колку вреди работата на нашиот земјоделски сектор.

Зеленски, исто така се заблагодари на сите татковци во Украина. На сите што ги воспитуваа своите деца само добри, пристојни, храбри луѓе. Луѓе кои ја бранат државата и прават се за да им помогнат на соседите да ја пребродат војната. Украинската храброст што толку го инспирира светот, украинската слобода која ја зајакнува цела Европа, е можна само затоа што украинските татковци и мајки воспитале такви деца. Деца со разбирање за тоа што се вредности, способни да бидат вистински херои.

Утре започнува навистина историска недела. Недела кога ќе слушнеме одговор од Европската Унија за кандидатскиот статус за Украина. Веќе имаме позитивна одлука на Европската комисија, а кон крајот на новата недела ќе има одговор и од Европскиот совет, посочи Зеленски. Мислам дека на сите им е очигледно дека од 1991 година имало малку такви судбоносни одлуки за Украина како онаа што ја очекуваме сега. И јас сум убеден дека само позитивна одлука е во интерес на цела Европа.

Моите обраќања ќе бидат нови оваа недела, вклучително и до Европејците. Ја користам секоја можност да ја бранам европската перспектива за Украина, за секој од нас и да соберам нови поддржувачи за нас, истакна Зеленски.

Според неговите зборови, очигледно, треба да се очекува Русија да ја зголеми непријателската активност. Специјално – индикативно. Токму оваа недела. И не само против Украина, туку и против другите европски земји.

Ние се подготвуваме. Ние сме подготвени. Ги предупредуваме партнерите, рече Зеленски.

Зеленски информира дека окупаторите акумулираат сили во правецот Харкив, во Запорижската област. Повторно ја гранатираат инфраструктурате за гориво – сакаат да ја влошат состојбата со горивото. Се разбира, ние ќе одговориме на ова.

Во Донбас продолжуваат жестоките борби. Таму руската армија користи најмногу артилерија, најмногу офанзивни сили. Но се држат Северодонецк, Лисичанск, Авдијивка, Красногоривка и други жаришта. Такви се нашите луѓе – се држат. Нашата армија се држи. И јас сум им благодарен на сите чија сила денес е нашата утрешна победа, истакна Зеленски во обраќањето.

Подготви: Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ