• Latest

Зеленски: Вооружените Сили на Украина прават се за да ги ослободат сите наши градови и нашиот народ

May 11, 2022
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Вооружените Сили на Украина прават се за да ги ослободат сите наши градови и нашиот народ

May 11, 2022 10:42
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, специјална група меѓународни експерти со која претседаваа Мајкл Мекфол и Андриј Јермак предложија патоказ за енергетски санкции. Ова е детален документ кој опишува што треба да се направи за да и биде навистина тешко на Русија да ја финансира оваа војна, но во исто време – за глобалната економија да не трпи загуби поради ограничувањата на руските енергетски ресурси. Станува збор за рационално изготвен документ и веќе е почната работа на негова имплементација, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.

Денес беше тежок ден. Имаше вести – како обични, така и трагични. Ќе почнам со меѓународните контакти. Продолжив да се обраќам до странските парламенти. На оние држави и народи чија поддршка ни е важна на нас. И особено сега, кажа Зеленски на почетокот на обраќањето.

Претседателот информирање за своето обраќање во словачкиот парламент, во кое се заблагодари за силната одбрана, санкциите и другата поддршка и го објасни ставот зошто енергетската соработка со Русија не може да се разгледува изолирано од агресивната политика на оваа земја. Украинскиот пример, потсетувајќи на историјата на гасното таканаречено пријателство со Русија, покажа какви грешки треба да се избегнуваат.

Зеленски, обраќајќи се пред парламентот на Малта, потсети на херојската битка за Малта во Втората светска војна, која всушност е многу слична на нашата сегашна борба во војната за независност и слобода против Русија. Тогаш, пред 80 години, судбината на целата конфронтација во Медитеранот зависеше од битката за Малта. Сојузниците победија. Нацистите изгубија.

Правиме се за конфронтацијата на нашата земја да заврши на овој начин, рече Зеленски. А за ова ни треба принципиелна поддршка,  санкции. Вклучително и од Малта.

Зеленски во Киев разговараше со министрите за надворешни работи на Германија и Холандија, каде стана збор за зајакнување на Украина, за брзо завршување на оваа војна, како и  и за деталите за тоа како нашите пријатели можат да се приклучат на повоената обнова на Украина.

Благодарен сум им што продолжија со работа на амбасадите во нашиот главен град. Ова е важен гест што ја потврдува довербата на Европа во иднината на Украина, истакна украинскиот претседател. Вкупно, веќе 36 странски мисии работат во главниот град.

Зеленски посочи на успехот на вооружените сили на Украина од каде пристигнаа добри вести од Харкивската област., каде окупаторите постепено се истиснуваат од Харкив.

Благодарен сум им на сите наши бранители кои се бранат и покажаа навистина натчовечка сила да ја истераат армијата на напаѓачите. Некогаш втора по големина армија во светот, рече Зеленски.

Тој исто така ги повика сите наши луѓе, а особено оние во задниот дел, да не шират прекумерни емоции. Не е неопходно да се создава таква атмосфера на специфичен морален притисок, кога се очекуваат сигурни победи неделно, па дури и секојдневно.

Вооружените Сили на Украина прават се за да ја ослободат нашата земја и нашиот народ. Да ги ослободат сите наши градови – Херсон, Мелитопол, Бердјанск, Мариупол и сите други, истакна Зеленски.

Претседателот посочи дека специјална група меѓународни експерти со кои претседаваа Мајкл Мекфол и Андриј Ермак предложи Патоказ за енергетски санкции. Ова е детален документ кој опишува што треба да се направи за да ѝ биде навистина тешко на Русија да ја финансира оваа војна, но во исто време – за глобалната економија да не трпи загуби поради ограничувањата на руските енергетски ресурси. Станува збор за рационално изготвен документ и веќе денес е почната работа на негова имплементација.

И трагичното со кое сакам да го завршам ова обраќање денес. Денес почина првиот Претседател на Украина Леонид Макарович Кравчук, истакна Зеленски. Тој не беше само политичар. И не беше само историска личност. Тој беше човекот кој знаеше да најде мудри зборови и да ги каже така што ќе ги слушнат сите Украинци.

Ова е особено важно во тешки, кризни моменти. Кога иднината на цела држава може да зависи од мудроста на една личност. Леонид Макарович покажа токму таква мудрост кон крајот на 1980-тите, кога се појави украинското движење. Тој блескаво ја помина 1991 година и само сега може да изгледа дека наводно му беше лесно тогаш, додаде Зеленски.И што и да се случи подоцна, Леонид Кравчук секогаш остануваше со Украина.

Можеби имено поради неговата мудрост тој бил особено весел. Секогаш го ценел животот, секоја негова минута. Но, тој секогаш наоѓаше повеќе од една минута за да помогне да се разбере ситуацијата и да даде совет.

И конкретно, јас лично му сум благодарен за тоа, посочи Зеленски.Тој како дете ја преживеа Втората светска војна, ја преживеа окупацијата. Леонид Макарович знаеше колку чини слободата. И со целото срце сакаше мир за Украина. Сигурен сум дека ќе го спроведеме. Ќе ја постигнеме нашата победа и нашиот мир.

Вечна чест и спомен на првиот Претседател на независна Украина!

Вечен спомен на сите што ја бранат Украина!

Слава на Украина!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ