Володимир Зеленскиј предложи украинската територија под негова контрола да се земе под „чадорот на НАТО“ за да се обиде да ја запре „жешката фаза“ на војната со Русија.
Во изјава за Sky News, украинскиот претседател рече дека таков предлог „никогаш не бил разгледан“ од Украина бидејќи никогаш „официјално“ не бил понуден.
„Ако сакаме да ја запреме жешката фаза на војната, треба да ја земеме под чадорот на НАТО територијата на Украина што ја имаме под наша контрола. Тоа е она што треба да го направиме брзо, а потоа Украина може дипломатски да го врати другиот дел од својата територија“, изјави Зеленски.
„Овој предлог никогаш не бил разгледан од Украина бидејќи никој никогаш не ни го понудил тоа официјално“.
Во истото интервју, Зеленски, исто така, рече дека секоја покана треба да се даде „во рамките на нејзината меѓународно призната граница, не можете да давате покана само на еден дел од земјата“.
извор: Гардијан












