• Latest

Земјава со еден потврден случај на корона вирус, епидемиолозите предлагаат собири да нема уште седум дена

March 6, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Земјава со еден потврден случај на корона вирус, епидемиолозите предлагаат собири да нема уште седум дена

March 6, 2020 08:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава засега останува само една пациентка заболена од корона вирусот. Најновите случаи со двајцата странски државјани се негативни, но предлогот на епидемиолозите е да продолжи уште една недела препораката за неодржување на масовни јавни собири и спортски натпревари без публика.

Од Министерството за здравство вчера излегоа со информација дека тестовите кај двајцата странски државјани, едниот од Сингапур и другиот од Австралија, се негативни. По пријава на хотелот во кој престојуваа во центарот на Скопје, епидемиолози од Центарот за јавно здравје земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба. Тие ќе бидат упатени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за третман соодветен на дијагнозата. Двајцата странски државјани останаа изолирани во хотелската соба до добивањето на резултатите.

 

Контролен тест вчера бил направен и врз единствената заболена пациентка од корона вирусот, како и врз нејзината ќерка.

„Тестот на пациентката е негативен на коронавирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, ќе биде повторен по 48 часа. На корона е негативна и нејзината ќерка“, информираа од Министерството.

По појавата на корона вирус во Италија, земјава ги подигна превентивните мерки на повисоко ниво, а секојдневно заседава и Комисијата за заразни болесни и Комитетот за следење и информирање на состојбата со корона вирусот. Нивната најнова препорака е да се продолжи препораката за неодржување на масовни собири и спортски натпревари за што утре Владата ќе треба да расправа на седница.

 

Покрај превентивните мерки спроведени на двата аеродроми и на граничните премини во државата и препораките до граѓаните, на барање на Министерството за здравство, сите патници од странство ќе добиваат СМС пораки со препорака да се јават на телефонскиот број на Институтот за јавно здравје  доколку имаат симптоми на вирусот.

Според информациите што вчера на прес-конфереција ги изнесе министерот за здравство Венко Филипче повикувајќи се на нашиот Конзулат во Италија, постои зголемен интерес за враќање на нашите државјани во земјава. Се прават напори тоа да се одвива организирано со цел да се има подобар увид во ситуацијата.

Во Европа од ден на ден се зголемува бројот на случаи заболени од корона вирус. Последните информации што вчера ги пласираше министерот Филипче, покажуваат дека досега се заболени 4.250 лица што е 1000 повеќе од претходниот ден.

 

Во зависност од развојот на состојбата, како што најави вчера Филипче, ќе бидат разгледани евентуално и поригорозни мерки на заштита.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ